Прво, не е највисока оваа зграда. Второ, како и секоја нормална зграда има домофон. Трето, зградата е третина празна, третина пензионери и сите се знаат меѓусебе.Четврто, знамето е црвено, не се гледа дали е орел или вергина, а во зградата живеат окорели патриоти кои поседуваат вергина. Петто, не се гледа баш најдобро, али знамето се вее или од стан на деветти спрат или од покривот, каде за да се качиш ти треба клуч, кој не го поседуваат сите станари.
После сите овие факти, твое е да одлучиш дали орда на албански ??? ученици упаднала во зградата и развиорила знаме или пак некој намерно и смислено го направил тоа.