Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Хахах каков паметен човек си ти. Ајде еве ако е законски тогаш кажи што е толкувањето? Зошто е изгласано? Можеа да не гласаат тоа туку да ги ослободат по тој закон од 2002. Гледаш колку си паметен, не разликуваш ништо. Донесено е толкување за случаите од Хаг, а патриотски е да тие случаи се вратат назад во Хаг па тие да ги ослободат. На крај краева ваков паметен, кажи зошто Грујо викаше тоа што сме ветиле? Што ветиле што мислиш? Паметен.
Ако мене ме прашуваш, јас лично никого не би амнестирал. Па сам заклучи.
 
Ако мене ме прашуваш, јас лично никого не би амнестирал. Па сам заклучи.

И јас бе баче само...
Ако си гласал за ДПМНЕ и сеуште ги браниш...
Тие ги амнестираа Хашките случаји, Хорхе ги амнестираше Грујо (нели криминалец?), Заев (нели криминалец и предавник?) и останатите ликови (исто криминалци и предавници).
(класични криминалци; криминалот е имун на раси, религии, националости, идеологии)

Ако де луѓе сме сите грешиме, а од грешките како што гледам никој не учи.
 
Погоре кажа дека си комунист сега анархист...ко З.З. си. Он така на 5 мин менува мислење.
До душа, откако го смени мислењето да не даде оставка после поразот, ја нема сменето одлуката.
 
Ајде да дискутираме една по една работа, ајде прво дивоградбите..
Космос бил дивоградба, тоа е неспорно, реваншизамот го навоѓаат дека други дивоградби се легализирале ( прашање дали толку големи).. а молчиш дека ПОЛА ФОН е нелегален, не е запишан во катастар, ама изграден е 2005 !! ( тогаш Фиат не беше со СДСМ)
Ај сега за куќата на председателот на кривичен, има слика, лево и десно од неговата дигнати се лепенки со неговата, на 4-5 спрата, а тој мора да остане на 2 спрата?? ... нели е тоа реваншизам ??
твој Жерновски дозволи во Маѓар Маало масовна изградба на 6 катници а таму 30 години не им се дозволуваше на луѓето ни крововите да ги реконструираат...
Договорено.

Пандемониумот, твој, стана дивоградба. И тоа пред неколку недели кога се дискутираше и гласаше за новиот дуп. Тоа е само почеток. Низ цела Македонија се градеа дивоградби и погоди кој застана зад нивна легализација!? Зар мислиш дека апсолутно нема некаков бизнис интерес во тоа? Имаше реакции и реакции од невладините и од здруженијата за заштита на животната средина кои имаа јавни настапи за тоа дека не смее да се гради во крајбрежните заштитени места, и погоди што, пратениците на вмро гласаа за тоа, членовите на вмро во општинските совети гласаа За легализација. Значи сега не само што правно си амнестиран од одговорноста, туку имаш можност истата да ја легализираш. Истото се однесува и на верските објекти, кои дел се финансирани и од Турција и од Сауди Арабија, и нелегално никнуваат насекаде низ Македонија. Моментално во Чаир има 2 нелегални џамиии, и 10-тина само во Тетово. Едно време одеше вест за тогашниот директор на јавна безбедност од редовите на вмро ,кој имаше милионски имот, погоди што- на него има дивоградба. Не се сеќавам на неговото име, но ако те интересира, можеби да има нешто.
И што имам јас со ФОН? И јас мислам или да се легализира или да се сруши, истото се однесува и за имотот на претседателот на кривичен. Но очигледно приспособувањето на законите на крајот ќе им удри во глава. Ако имаш имот вреден 27 милиони евра, а само една година пред тоа ти вредел 9,2 милиони евра, а притоа имаш и детална анализа за влез и излез на трошоците и вкупните примања, што води кон тоа дека плус си се задолжил (трошоците се поголеми) нас не доведува до прашањето- како стекнале толку вреден имот за само една година!? И пандемониумот е дел од имотот, зар не? Сега дали ќе се руши или ќе се легализира?! :)
 
Ако мене ме прашуваш, јас лично никого не би амнестирал. Па сам заклучи.
Абе паметен немој вака да се вадиш сега. Види вака паметен, ти рече законски било. Ајде паметен одговори зошто ако било по законот за амнестија од 2002, донеле толкување на тој закон? Зошто Грујо викаше дека ветиле? Ајде паметен одговори.
 
Собранието
исправка, мнозинсво во собранието го избира претседателот на собранието, по закон во сала да има 61 пратеник и сите да гласаат ЗА, ќе се избере претседател на собрание.
Во собрание имаше мнозинство, во одсуство на претседател на собрание сдницата ја води негов заменик или и ако тој е отсутен или спречен, го води најстар член на собранието.
Значи мнозинство во собрание одлучи да се избере претседател и со мнозинтво гласови го избраа.
Се по закон.
Демократски.
 
Со се се согласувам освен со ова подвлеченото.

Намерно ги оставија - тие се вештерките (или the boogie monster).
Многу паметен и заебан (во негативна смисла) е режимот.

Исто овие кога ќе дојдат - нема никој да гонат кривично (освен некои ситни риби) а другите ќе ги амнестираат (и политички маргинализираат како Љубчо) за "доброто на републиката", народот и "соживотот".

Како што реков; It takes two to tango.
Ги направија вештерки, бидејќи многу тешко може да докажат криминал т.е вештерките многу добро си го покриле газот на време. Вака пушти ги новинарите да лаат, тебе те прават херој, другите вештерки + наместо што ќе се замараат со вештерките ќе си крадат на раат.
Намерно се оставени затоа што не ги бива за политика, а тоа се покажа и со прислушкувањето (над 5000 луѓе) или со други зборови не знаат да прочитаат луѓе додека не им ги слушнат тајните разговори.
Од друга страна Тито ги сотре националистите после втората светска војна и обезбеди единство на цела Југославија, затоа што знаеше дека за да се справи со Сталин треба единство.
Тоа е таа разлика меѓу политичар и неизживеан човек кој дошол до фотелја, првиот планира иднина, вториот гледа од денес до утре и ко што историјата покажа Тито владееше 40 години и сите го сакаа, па и ден денес уште го сакаат.
А новите биди сигурен дека тешко ќе биде да крадат бидејќи доаѓаат години на враќање на кредитите и ако не им ги соберат парите на овие што крадеа до сега за да вратат, ќе треба од сиромасите да земаат, тоа ќе доведе до поголема миграција, тоа ќе доведе до помалку пари у буџет, тоа ќе доведе до кратење на буџет во еден спирален процес што ќе значи колапс на Македонија
 
Па може комотно на следна седница да се бара лично ден по еден пратеник да се изјасни дали бил ЗА.
Може на фејсбук да ставаат лајкови, да не ризикуваат да одат в Собрание, опасно е.
Се знае која е процедурата за избор.
 
..демек од твоја гледна точка, и све што се факти не се битни? демек ти си неутрален? е па кажи ми зашто Бране Црвен не излезе збор да каже сега? од секогаш сум го ценел иако бил ваков таков, бил и премиер бил и преседател сите цицки на мкд ги исцицкал и цело виски на свет го испи, каде е Брането? оти си неутрален, па оној е вмро, а ти не си сдсм ама знаеш оти си неутрален, ќе видиш Тала што куре ќе ти исече за кратко време или веќе си сечен ? а? :facepalm:
Дојди и провери. Барем да си убава, кога веќе не си паметна. ;)

Порано викав дека Бранко е најлошиот претседател на Македонија, но сега има конкуренција. Викав дека е и најлошиот политичар што некогаш се појавил на македонската сцена, но очигледно круната ја превзема Никола. Викав дека не е адекватен да биде претседател на една голема политчка партија, истото денес го викам и за Никола. И викам дека врска немаше од политика, истото го мислам и за Никола. Кога ќе видиш низ една историска призма, и не се многу различни нели, само Никола постигна нешто т.е. ја стабилизира својата партија и ја изгради својата унија, а Бранко не го направи ни тоа. Партијата остана во собите кои ги наследи, остана со имотот кои го наследи и немаше никаков прогрес. Дефинитивно, заедничката алка им е тоа што 2-цата ја испокрадоа Македонија, само вие го браните Никола, а јас не го бранам Бранко.

Немој да почнеш за приватизацијата, затоа што таа ниту започна со Бранко, ниту заврши со Бранко и тоа е само една досадна и тажна приказна која мислам да ја рипнам овој пат. :)
 
Може на фејсбук да ставаат лајкови, да не ризикуваат да одат в Собрание, опасно е.
Се знае која е процедурата за избор.
Во собранието си има мнозинство кое сака да се избере претседател на собрание и влада.
доколку малцинството тоа го одбива, си постојат иу законски начини тоа да се направи.
Не може Македонија и нејзината слобода да биде заложник на воља на малцинство во собрание.
Не е тоа демократски.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom