Браво Нате,
одбрани ја Струмица. Јас сум роден во Струмица, таму ми се проживеани првите две години од животот, па после сме преселени. И ден денес Струмица си ја посетувам доста често, можам да кажам и премногу често. Струмица ми е најомилено место во Македонија.
Она што го има Струмица е посебно убавиот ноќен живот, еден од најдобрите во Македонија, прекрасните локали (како за пример новиот ноќен клуб Селект е уникат во Македонија), струмичките ќебапи, и традиционалните јадења (Аман Бајалди), манастирсктие комплекси Водоча и Вељуса, Банско, водопадите во Смоларе, и секако тука е неизбежниот ноќен локал - ресторан Шабан во село Дабиље.
Струмичкиот карневал и се она што се случува таа недела со и околу него, е само поим за кој сите воздивнуваат, а оние што биле таму не можат, а да не отидат наредната година.
За јазикот не се секири, тоа си е един дијалект шо го говорат сите во Источна Македонија. Од завист и љубомора што немаат ни пола од тоа што го има Струмица, затоа пишуваат за дијалектот, за не знам што, и тн итн.
Доста од мене, се читаме пак.