Дечки, да ве предупредам нешто што открив денес и до сега никој никаде не го спомнал на темава. Важно за сите:
Бугарската амбасадата во Скопје има своја листа на преведувачи што ги признава, изложена е на огласната табла пред амбасадата.
Бугарскиот конзулат во Битола има сосема друга листа на преведувачи, изложена на неговата огласна табла.
Конзулатот не ги признава преводите од листата во Скопје, и обратно. Денес во конзулатот на еден дечко што беше за интервју му беа вратени документите, бидејќи му беа преведени кај некој од преведувачите во Скопје. Ништо страшно, му го одложија интервјуто за вторник, ама за сите нас е добро да го знаеме ова.