Уште една нус појава на диктаторското владеење на вмро последниве 10 години. Затоа на сите меѓународни релевантни ранг листи сме на дното по сите фактори.
Диво насеље беше нарачано од ретардирани особи како Мартин Протуѓер со неговата легендарна изјава „А војна да имаме?“ за да се сврти вниманието на јавноста од бомбите на сдсм каде се откриваа тешки криминали. Ако е брзински неутрализирано со 8 загинати и 40 повредени полицајци, недај боже стварно да мислеле да напаѓаат терористите, без полиција ќе останевме.
Груевски 20 (со букви: ДВАЕСЕТ) дена преговараше за истата таа платформа. Во ниту еден ден, во ниту една изјава за време на тие 20 дена додека го имаше мандатот не ја отфрли платформата. Единствено што отфрли беше продолжување на мандатот на СЈО, затоа што знае дека го чека доживотен затвор ако дозволи да дојде до судење. Се што се содржи во тн „тиранска платформа“ Груевски веќе го изгласал и дал одобрение.
Стварно Груевски не се борел за власт, кога не дозволува СЈО да си ја врши работата за која е формирано (со гласови и на вмро), кога не дозволува судската власт да си ја врши работата за која постои, кога не му дозволува на фикусот да го даде мандатот за формирање влада на мнозинството во согласност со член 90 од Уставот, кога го повикува „народот“ (всушност за него народот е неговата хорда од вмровци, сите останати се или Албанци или соросоиди) да не седи дома во папучи туку да излезе „да ја одбрани државата“ (со тепање на пратеници на сдсм + Села). Приметивте дека никој од ДУИ не е ниту чепнат?
Истиот тој Талат кој сега ви смета, беше избран за министер за одбрана на РМ. Ама тогаш добар беше.
Народот осетил како е на своја кожа. Десет години се и предолг период за да бидеш инфериорен. Никогаш не сме живееле полошо, никогаш немало толкава миграција на младите надвор од државата. Ама ова го нема на Сител и курир.