jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.316
Ајде сега back to basic. Републиката е социо-политичка идеологија, а демократијата е инструмент или извор на моќ. Ние во република поткрепена од демократија живееме од 1944 па навака. Промената на плурализмот е само во дозволата да постојат повеќе партии во склоп на промена на социо-екомонската идеологија и е поголема во однос на одвојувањето од федерацијата одколку што се однесува на поставеноста на политичкиот систем.Не живееме ние во демократија, туку во Републиканско уредување (римска република) кое допринесува до појава на олигархија а не капитализам.
Значи во демократија како форма на владеење во политичка смисла не постои, туку е таа инструмент на моќ за самата власт.
Причината поради кои постои правото и законите е токму причината што моралната самоконтрола не функционира секогаш онака како што посакува цивилизацијата. И пошто судиите и владетелите се луѓе, затоа и овие функции се подложни на злоупотреба. Се додека го бараме моралот како единствен норматив, се дотогаш ќе имаме проблем во поимањето на власта. Уште повеќе што бараме морал од луѓе кои доаѓаат на власт со лажење, дискредитација на противниците и нивните фамилии(не зборам за кај нас туку општо во светот) и така натаму.Доколку луѓето имаат морални вредности, се водат по нив и не се потчинуваат на авторитетот, системот многу убаво ќе си функционира.
Судиите, ЈО и УЈП да си ја вршат работат, да се морални, со достоинство и чесни т.е. да функционира правото се ќе биде како подмачкано.
Политичката борба е нешто повеќе од самите избори. Јас не викам дека е тоа спортски натпревар, помеѓу партиципиенти со високо развиена етичка свест. Баш напротив, борбата е непоштедна и во многу случаи кобна за одредени поединци. Поставеноста на работите е таква каква што е. И како што непотребното отварање на Албанското прашање од страна на Заев, му донесе политички поени и малтене подобра стратешка позиција на самите избори(мада не таква каква што очекуваше), така и Тиранската платформа како последица од неговата реторика се удри од глава и му ја неутралилизира целата предност и ги врати во игра дпмне на голема врата.Од кога се појавија бомбите, Грујо и прв ешалон да си поднесеа одма оставки,а членството наместо да им лиже дупе, умилкува на Авторитетот/функцијата и ги натераше да отидат во сенка (и од таму ќе си владеат) овие трагикомедии сега немаше да ги имаме. Плус дпмне ќе се реформираше и пак ќе си владееше. Истите работи како Б.Ц ги прават, т.е. тие се избраните од бога и дадено им е да Владеат, никој друг.
А ние сме соучесници и ќе си го кркаме сите. Зашто на шефот, кој е фатен со гаќите спуштени не смее никој да му каже доста ти беше, дај ново дете.
Од моја гледна точка, Заев е играч бустиран од Албанците и свесно или несвесно изигра како нивен потрошен материјал, со оглед на тоа што се случи, го подели Македонскиот народ, создаде длабока политичка криза и создаде услови за Албанците да излезат со посмели официјални барања кои задираат во сувереноста на државава.