Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Не живееме ние во демократија, туку во Републиканско уредување (римска република) кое допринесува до појава на олигархија а не капитализам.
Ајде сега back to basic. Републиката е социо-политичка идеологија, а демократијата е инструмент или извор на моќ. Ние во република поткрепена од демократија живееме од 1944 па навака. Промената на плурализмот е само во дозволата да постојат повеќе партии во склоп на промена на социо-екомонската идеологија и е поголема во однос на одвојувањето од федерацијата одколку што се однесува на поставеноста на политичкиот систем.

Значи во демократија како форма на владеење во политичка смисла не постои, туку е таа инструмент на моќ за самата власт.


Доколку луѓето имаат морални вредности, се водат по нив и не се потчинуваат на авторитетот, системот многу убаво ќе си функционира.
Судиите, ЈО и УЈП да си ја вршат работат, да се морални, со достоинство и чесни т.е. да функционира правото се ќе биде како подмачкано.
Причината поради кои постои правото и законите е токму причината што моралната самоконтрола не функционира секогаш онака како што посакува цивилизацијата. И пошто судиите и владетелите се луѓе, затоа и овие функции се подложни на злоупотреба. Се додека го бараме моралот како единствен норматив, се дотогаш ќе имаме проблем во поимањето на власта. Уште повеќе што бараме морал од луѓе кои доаѓаат на власт со лажење, дискредитација на противниците и нивните фамилии(не зборам за кај нас туку општо во светот) и така натаму.

Од кога се појавија бомбите, Грујо и прв ешалон да си поднесеа одма оставки,а членството наместо да им лиже дупе, умилкува на Авторитетот/функцијата и ги натераше да отидат во сенка (и од таму ќе си владеат) овие трагикомедии сега немаше да ги имаме. Плус дпмне ќе се реформираше и пак ќе си владееше. Истите работи како Б.Ц ги прават, т.е. тие се избраните од бога и дадено им е да Владеат, никој друг.

А ние сме соучесници и ќе си го кркаме сите. Зашто на шефот, кој е фатен со гаќите спуштени не смее никој да му каже доста ти беше, дај ново дете.
Политичката борба е нешто повеќе од самите избори. Јас не викам дека е тоа спортски натпревар, помеѓу партиципиенти со високо развиена етичка свест. Баш напротив, борбата е непоштедна и во многу случаи кобна за одредени поединци. Поставеноста на работите е таква каква што е. И како што непотребното отварање на Албанското прашање од страна на Заев, му донесе политички поени и малтене подобра стратешка позиција на самите избори(мада не таква каква што очекуваше), така и Тиранската платформа како последица од неговата реторика се удри од глава и му ја неутралилизира целата предност и ги врати во игра дпмне на голема врата.

Од моја гледна точка, Заев е играч бустиран од Албанците и свесно или несвесно изигра како нивен потрошен материјал, со оглед на тоа што се случи, го подели Македонскиот народ, создаде длабока политичка криза и создаде услови за Албанците да излезат со посмели официјални барања кои задираат во сувереноста на државава.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.397
Епа што договориле во 2013 дуи и вмро?
Ова не те потсеќа на она вмро ја прифати платформата ама не е битно бидејќи нема влада, битно Сдсм ја прифати? За некоја работа се гледа кој прв направил, а за некоја не. Не знам дали ќе ме сфатиш, ама ако за територијалнава подолба се криви од Сдсм (што не викам дека не се) тогаш и за платформата и нејзиното пуштање во јавност се криви вмро.
Читај малку и друга литература, не само партиски соопштенија на СДСМ

Еве еден натпис од дневник каде убаво пишува дека барале уште едно одложување како онаа од 2009г, ама овие не се согласиле,
незнам зошто би се согласувале да одложуваат уште нешто што го добиле уште 2004г
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=D172BA33F408BF4CA2F337B9117599AB

Кичево во меѓупартиски клешти

Ќе стане ли Кичево општина во која Албанците ќе бидат мнозинство? Дали во преговорите меѓу Груевски и Ахмети за новата владина коалиција, ВМРО-ДПМНЕ успеала да го убеди тимот на ДУИ уште еднаш да биде одложено спојувањето на четирите општини Осломеј, Зајас, Вранештица и Другово кон Кичево, со што оваа општина ќе биде со доминантно албанско население? Како што дознава „Дневник“ од висок функционер на ДУИ, тимот на ВМРО-ДПМНЕ барал спојувањето на општините да се одложи за 2017 наместо законски предвиденото за 2013 година. Според функционерот, ДУИ одбила предлогот воопшто да стане дел од преговорите за новата влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера не можевме да добиеме информација дали барале ново одлагање на Законот за територијалната поделба за Кичево и дали партијата на Груевски ќе се согласи Кичево да стане петтата градска општина во која Албанците ќе бидат мнозинство.

Груевски и Ахмети при првото коалирање во 2008 година со политички договор го одложија спојувањето на четирите општини со Кичево за 2013 година. Тогаш, на предлог на ДУИ и со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ Собранието го смени Законот за територијалната организација на општините.

Но, функционерот на ДУИ сега е дециден дека немаат намера уште еднаш да го пролонгираат окрупнувањето на Кичево. Со тоа градот ќе биде петтата општина со доминантно албанско население покрај Тетово, Гостивар, Дебар и Струга. Се очекува битката меѓу коалициските партнери да биде дали сето ова да се случи пред или по идните локални избори кои треба да се одржат исто така во 2013 година.

Инаку, уште при носењето на Законот за територијалната поделба во 2005 година од страна на СДСМ и на ДУИ, партијата на Груевски жестоко се спротивставуваше на новата организација на општините, особено на промената на границите на Скопје, Струга и на Кичево. Како компромисно решение, тогаш во Законот беше наведено дека припојувањето на Зајас, Осломеј, Вранештица и Другово кон Кичево ќе треба да се реализира по четири години. Законското решение предизвика негодување, протести, блокади на патиштата и референдум од Кичевци, кои одбиваа четирите рурални општини од кои Зајас и Осломеј со доминантно албанско население да станат дел од Кичево. По победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2006 година, иако во јавноста никогаш официјално не беше потврдено, меѓу Груевски и тогашниот коалициски партнер Мендух Тачи било договорено Кичево да остане во сегашните граници, а за возврат албанскиот да биде втор државен јазик. Откако се изјалови договорот со Тачи, Груевски во договор со новиот коалициски партнер Ахмети во 2008 година го одложи спојувањето на општините за 2013 година.


Статистика во интерес на Албанците

Според пописот од 2002 година, во Кичево живеат 30.138 жители, од кои 16.140 се Македонци, а 9.202 Албанци. Во Вранештица од вкупно 1.322 жители, Македонци се 1.033, а Албанци 10. Во Другово има 3.249 жители и тоа 2.816 Македонци и 154 Албанци. Во Зајас од 11.605 жители 11.307 се Албанци, а 297 Македонци и во Осломеј од 10.420 жители 99 отсто се Албанци. По спојувањето на петте општини Кичево ќе има околу 56.000 жители од кои 30.000 ќе бидат Албанци, а околу 26.000 Македонци.

Ја откривме дилемата во врска со твоето соопштение дека ВМРО гласал за ДУИ во Кичево!!!
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Читај малку и друга литература, не само партиски соопштенија на СДСМ

Еве еден натпис од дневник каде убаво пишува дека барале уште едно одложување како онаа од 2009г, ама овие не се согласиле,
незнам зошто би се согласувале да одложуваат уште нешто што го добиле уште 2004г.
Епа истото и сега де, ајде ајде полека сфаќаш. Зошто да ја тргнат платформата кога веќе со вмро договориле тоа 2015?
Значи секој проблем има почеток, Кичево е проблем на Сдсм (иако за локалните и самите Кичевчани викаа дека им е продадена општината ама ај џабе ќе се докажувам), а за платформата е проблем на вмро и тоа е тоа кое не сакате да го признаете, дека вмро први понудиле договориле како сакаш наречи го, и сега глумите патриоти и браните нешто што прво било понудено од вмро. Значи платформата требаше да си ја осудите кога излезе, а тоа е 7ми јануари. Сеуште чекам да ми покажеш официјално одбивање на платформата од страна на вмро пред да влезат во преговори за влада. Тогаш ако толку бевте тврдокорни ќе излезевте на протести, никој не смее да преговара за платформата викате, памтиш? Или никој друг освен вмро не смее?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
http://www.time.mk/cluster/3d56c73e59/ivanov-do-erdogan-naseto-srce-e-so-vaseto.html

Треба да искочи сега контра банда (СДС) и да вика Хорхе да се откаже од давање на срцето кон Ердо ради заговор и поддршка на Голема Албанија кувана во Анкара илимити попозната меѓу сиромашниот народ како Анкарска Платформа! Е ај сеа остани нормален да те видам?
....хмм нормално бе, тоа се вика и политика.......Ти да не си од оние деца цвеча , кои веруат у љубов, па уште и на прв поглед??? :tapp:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Епа тоа ми е целта, да почнеме да береме гајле, иднината што ни следи е турболентна. Си постојат аналитичари кои укажуваат кај е главниот проблем и како да се реши, треба само да почнеме да ги читаме и применуваме.
Истите тие аналитичари кажуваат дека ни следи глобално заладување а ние уште трубиме за затоплување па тешко годинава наши јаболки и цреши да пробаме.
Аналитичарите се всушност воденичари, чија експеретиза е да ја тераат водата кон својата воденица.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.775
Поени од реакции
12.237
Последно уредено:
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
http://netpress.com.mk/kabinet-na-ivanov-hojt-ji-pobara-sredba-no-pretsedatelot-ima-drugi-obvrski/

Уште еден шамар од нашиот бранител и чувар на Македонија!
Da vospostavime ramnoteza
http://www.alsat-m.tv/mk/хојт-ли-своите-пораки-ќе-ги-пренесе-пре/
"Хојт Брајан Ли, заменик помошник државен секретар на САД, кој во понеделник ќе го посети Скопје, ќе се сретне само со лидерите на политичките парти, избегнувајќи средба со претседателот Ѓорѓе Иванов"
 
S

silmarillion

Гостин
Една друга работа така јакичка у вези СДС периодов. У ист ден стига пресуда у NY за Телеком дека Муса и Али лапале аванта за што на тие директорите од Маѓар ќе им почешаат муда со 500.000, а Заев искача со изјава дека секојдневно се гледа со Али као работат на случајот да се реши кризава :) Па пичкаму матер колку и да верува чоек дека е наивен и политички неписмен, неможе бе преку вакви работи да пројде така едноствано. Како бе не се најде еден муж у ова педериве политички да каже ало со криминалци нејќам у иста соба да бидам не па да разговарам или коалиции да праам. Има ли некој у тоа СДС-от да му замери на прецедникот за овие состојби или ќе си гледаме нов Грујо со нови куропушиони наредниве 4 или недај боже поише години?
 
Член од
16 февруари 2014
Мислења
343
Поени од реакции
198
Една друга работа така јакичка у вези СДС периодов. У ист ден стига пресуда у NY за Телеком дека Муса и Али лапале аванта за што на тие директорите од Маѓар ќе им почешаат муда со 500.000, а Заев искача со изјава дека секојдневно се гледа со Али као работат на случајот да се реши кризава :) Па пичкаму матер колку и да верува чоек дека е наивен и политички неписмен, неможе бе преку вакви работи да пројде така едноствано. Како бе не се најде еден муж у ова педериве политички да каже ало со криминалци нејќам у иста соба да бидам не па да разговарам или коалиции да праам. Има ли некој у тоа СДС-от да му замери на прецедникот за овие состојби или ќе си гледаме нов Грујо со нови куропушиони наредниве 4 или недај боже поише години?
Nema be. Mora istrajno da se istoleriraat koalicionite kriminalci, u takva pozicija e drzavata, za godina-dve sve ke si dojde na svoe mesto. Idat dobri vreminja.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
I barokot za nekoja godina ke zavrsit tamu, nemat ni da ima potreba Frcko da gi demontira.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom