Сериозно предупредување на турски министер: Повеќе не сме сојузници со Европа
„Повеќе не сме сојузници со Европа“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, за време на дебатата „Државното управување во турската исламска традиција“.
„Тие го користеа теророт како орудие и ги раздвоија луѓето според вероисповедта и расата. Ги напуштија сите демократски процедури за политичка корист“, изјави Сојлу за Европа.
„Тензијата што ја чувствуваме кон Европа е предизвикана со турското одбивање на улогата и обидите светот да ја разбере нејзината позиција. Турција повеќе не е нивен сателит ниту сојузник“, изјави министерот за внатрешни работи, а
пренесуваат турските медиуми.
Тензиите се засилија откако неколку европски земји им забранија на членови на турската влада да организираат собиир во Европа за да бараат од своите државјани гласање „за“ на претстојниот референдум за зголемување на власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Самиот Ердоган обвините дека таквиот однос личи на „нацистичкиот период“.
Односите меѓу Турција од една и Германија и Холандија од друга страна сериозно се нарушени откако некои министри се обидоа да се сретнат со турски државјани во странство поради забраната за одржување собири во земјите каде што живеат.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/seriozno-predupreduvanje-na-turski-minister-povekje-ne-sme-sojuznici-so-evropa