Секако, нема да те остави, ама има големи разлики во степенот на зависност. Ние не можеме да се договориме околу основни работи. Мора да си наоѓаме добри примери, како Словенија или држави со слични територијални капацитети и број на население. Секако дека нивниот контекст е подобар, подобро опкружување, ама несразмерно се подобри од нас, односно ние сме тотално промашен општествен експеримент, општество налик закарани афрички племиња останати во исти колонијални граници. Не смеевме ова да си го дозволиме.
Инаку, на Денко Малевски мајка му е албанка. Треба со доза на воздржаност и претпазливост да се читаат неговите текстови. Не дека имам нешто против тоа, ама често знае и многу екстремни албански барања да ги избанализира и да ги прикаже како „ништо посебно“ - така и во текстов збори за платформата, која да не се лажеме и мене како анти-дпне, анти-патор расположен човек, не ми е воопшто по кеиф.
Види вака, ние како народ, а и како земја сме уникатни по ситуацијата во која се наоѓаме, сличности со Словенија има многу малку, можеш да замислиш кога Бизмарк и Черчил не лоцираат како јаболко на раздорот кое има потенцијал да ја запали Европа, чак историски, први Римјаните ја разбиваат територијата на античка Македонија, се воведуваат забрани за склучување на бракови и меѓусебна трговија на поделените територии и сл, да не оставам погрешен впечаток, јас сум против т.н антиквизација која сега е во некој процес на стагнација, чисто некоја кратка ретроспектива правам на историски горливо прашање и пиздарија пар екселанс во која се наоѓаме. Проблемот не го лоцирам кај големите сили колку кај мегаломанскиот национализам на нашите соседи. Преку ова да се надоврзам на т.н Тиранска платформа, по мене содржината сама по себе немаше да биде толку проблематизирана ако се промовирање во еден поинаков контекст, на ден Божиќ, во Тирана сепак друга држава, пред слика на Илирида со туѓ премиер, да не беше католик Еди Рама чисто за да се постигне климакс фалеше едно Алах Акбар, и стигнавме до тука каде сме сега, се изгуби иницијативата на антикорупцискиот и се зададе етнички моментум, згора на се командант форина повторно кандидат за функција, и тоа чиста провокација, еве Фатмир Бесими беше министер за Одбрана па немаше турбуленции, а наративот проширување на правата на албанската заедница во име на соживот, не држи.
Најголем проблем е нетранспарентноста, од сите страни, и сега сеопшта какафонија се создава, а во суштина никој ништо не кажува, кога ќе дојде до реализација уште повеќе ќе се проблематизира ситуацијата.
Факт, во борбата за да се добијат изборите, ја изгубија државата.
Мислам дека е уште подбро ако е дете на мешан етнички брак Мaлевски, не сум знаел, можеби потрезвено расудува, кој знае на крај краева...
Еве еден извадок од колумна, на крај повикува на етничко обединување, и онака де факто имаме два премиери,
Влада
Исто така, јавноста очекува одговор на две прашања, прво, од каде наеднаш никна сеалбанската платформа кога политичките бомби на СДСМ отворија борба за правда, правна држава и борба против криминалните индиции заради што се формира дури и специјално обвинителство, и второ, кој му дозволи на Али Ахмети кризата од криминален да ја префрли на етнички терен, односно, кризата од борба против криминал да ја претвори во борба за сеалбанската платформа од Тирана.
Не е на одмет да спомнам дека во МВР има еден аналитички извештај од воената 2001, според кој, тогашниот премиер Љубчо Георгиевски добил јасен одговор од странците-олеснувачи и тогашните албански политички водачи дека со рамковниот договор задоволени се сите права на Албанците и тука завршуваат сите нивни барања. 15 години подоцна, нови барања во обидот за завршен удар на унитарна и единствена Македонија. Оттука, зошто овој полициски извештај не се користи како моќен аргумент пред сегашните странски претставници кои деновиве се во мисија во Македонија да го скршат државниот врв заради формирање влада заснована на селабанската платформа за редефинирање на Македонија.
За крај, дојде моментот кога повеќе нема што да се крие и што уште треба да се стори, за Груевски и Заев да се вразумат и заеднички да застанат на браникот на Татковината!
Мислам дека пописот е неминовен за доброто на сите, и не знам колку е уставно би додал и изјаснување на имателите на двојни државјанства...