Дигитален архив: Значајни историски фотографии

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.868
Поени од реакции
14.537
Страшни фотографии од Русија на Ленин: На пазар продавале човечко месо, јаделе мртви за да преживеат

31.12.2016 | 14:07
Извор: Точка
Прочитано: 8269 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


Вознемирувачките фотографии прикажуваат луѓе кои продаваат делови од човечко тело, вклучувајќи и глави и тела од деца, бидејќи, за да ја преживеат гладта која владеела во Русија во текот на 20-тите години од 20. век, станале канибали.


Повеќе од 5 милиони луѓе умреле во периодот од 1921. до 1922. година од глад и беда кои владееле во тоа катастрофално време.

Економските проблеми по Првата светска војна, 5-годишната граѓанска војна, сушата во 1921. година, но и наредбите на Ленин за преземање на храна од сиромашните, довеле до тоа дури 30 милиони Руси да останат без животните намирници.

View image on Twitter


Follow
The New Viewer @TNewViewer

Photos show how 1920s Russian famine turned peasants into cannibals http://viid.me/qyj5ni

3:35 PM - 30 Dec 2016





Ленин тогаш изјавил "Нека гладуваат селаните", поради што многумина за да преживеат почнале да тргуваат со човечко месо на црниот пазар. Руските академици истражувале примери на канибализам и јадење на лешови, а во еден случај откриле и како една жена одбила да го предаде мртвото тело на својот сопруг бидејќи сакала да користи неговото месо за исхрана.

Изгледнетите селани дури и откопувале неодамна погребани покојници само за да дојдат до нивните тела. Некои јаделе трева и своите домашни миленици.



"Семејства убивале и јаделе татковци, дедовци и деца. Грозните приказни за колбаси од човечко месо можеби делуваат неверојатно, но тоа била секојдневната страшна реалност", рекол еден научник.

Ужасните слики како од концентрациони логори прикажуваат деца сериозно заболени од неухранетост и со надувани стомаци, додека на нивните тела се гледа речиси секоја коска.



Еден од најлошо погодените градови бил Самара, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Европска Русија, каде што реката Самара се влева во Волга.

И додека Ленин одбивал да прими помош надвор од Русија, поларниот истражувач Фридтјоф Нансен бил ужаснат од тоа што го видел кога дошол во градот во кој речиси сите жители умирале од глад.


Нансен започнал голема акција и собрал 40 милиони швајцарски франци, а потоа воспоставил 900 места на кои на луѓето им се делела храна.

Потоа, Ленин наводно бил убеден да одобри достава на меѓународна помош, а Нансен поради своите простапки заработил Нобелова награда за мир.



http://tocka.com.mk/1/218147/strasni-fotografii-od-rusija-na-lenin-na-pazar-prodavale-covecko-meso-jadele-mrtvi-za-da-preziveat
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
1965, Јемен. Британски војник и јеменски бунтовник. И покрај тоа што го задушиле бунтот во Јемен, британските сили се повлекле од тој дел на арапскиот полуостров.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.097
Поени од реакции
35.634
Дневникот на Теодор Рузвелт на Valentines Day, денот кога во период од 11 часа починаа неговата мајка и неговата сопруга.

Roosevelts-diary-02.jpg

Roosevelts-diary-e1313520942269.jpg
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Членовите на бендот Rage against the machine го палат американското знаме додека ја изведуваат песната "Killing in the name", за време на Вудсток 1999 година.

Прегледај го приврзокот 163705
Фестивалот Вудсток се одржа од 15 до 17 август 1969 година
https://en.wikipedia.org/wiki/Woodstock
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.097
Поени од реакции
35.634

Kajgana Shop

На врв Bottom