Не се работи воопшто за мене. Јас живеам по рабовите на системот. Од државата ниту нешто барам, ниту нешто давам за неа. Јас сум само посматрач на ова што се случува. Ќе напишам сега еден подолг пост, кој сака нека го прочита.
Во основа, постојат две врсти на држави. Едната врста каде што еден човек, или една клика собрана околу тој човек тврди дека има од Бог дадено право да владее со едно општество. Другата врста се базира на општествен договор. Тој договор вели дека НИКОЈ нема од Бог дадено право да владее со едно општество, туку дека припадниците на тоа општество се договараат, преку гласање или на друг начин да одберат луѓе кои ќе управуваат со општеството и за тоа ќе земаат плата. Тие луѓе не се поважни од ниту еден друг припадник на тоа општество, и тие имаат одредена функција во него. Тој договор вели дека на последниот крал народот му ја одсече главата, и дека на секој кој ќе тврди дека е крал, повторно ќе му ја одсече.
Француската револуција го направи тој исчекор од една врста општества во друга, од монархиите од различни типови во граѓанските општества. Тоа е моментот кога слободата доаѓа кога последниот крал е обесен на цревата на последниот свештеник. Француската револуција е најважниот поединечен настан во политичката историја на човештвото.