Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување
..ако не се поапсат енергетските мафиози и по кратка постапка осудат, па фрлат у ложиштето на ТЕЦ Осломеј, пишете пропало.....
 
во МК ништо не се произведува повеќе
од храна струја итн
на некои им одговара се во МК да се увезува
ништо не произведуваш чиста заработка ти иди
 
Се чини дека денес во Европа има некој проблем со снабдувањето со струја
Одеднаш цената на струјата за утре скокна на 80 евра за мегават час при спот продажба. А за денес беше помалку од 36 евра
https://www.eex.com/en/

Не можев да најдам што е причина на ова нагло поскапување
Ако некој нешто знае - нека сподели
 
Се чини дека денес во Европа има некој проблем со снабдувањето со струја
Одеднаш цената на струјата за утре скокна на 80 евра за мегават час при спот продажба. А за денес беше помалку од 36 евра
https://www.eex.com/en/

Не можев да најдам што е причина на ова нагло поскапување
Ако некој нешто знае - нека сподели
додека има овци за шишање ке има и волна... поскапувањето што е направено е повеќе од 100% на цената - не верувам некој да има толку голем дефект што цената дупло ке рипне!
 
Не сум многу упатен, посебно за снабдувањето со електрична енергија, ама, просто ми е неверојатно нешто во Европа преку ноќ да поскапи за повеќе од 100%
 
Не сум многу упатен, посебно за снабдувањето со електрична енергија, ама, просто ми е неверојатно нешто во Европа преку ноќ да поскапи за повеќе од 100%
Се работи за спот цени, кои се договараат за испорака во рок од неколку часа однапред
На цените за фјучерс испораки нема промена
проблемите со нуклеарните централи во Франција и понатаму постојат
Во моментов Франција извезува 1200 мегавати а увезува 4700 мегавати струја
http://www.rte-france.com/en/eco2mix/eco2mix-echanges-commerciaux-en

Можно и некаде има поголем дефект и некој нагло побарува големи количини на струја
Утре предпладне веројтно ќе имаме подетални информации
canvas.png
 
Последно уредено:
Денес голем пад на цените
Во Будимпешта 53,62
Во Лајпцих 41,36
Адресите се исти како и во пост 1089
Изгледа поскапувањето беше само за да Македонија купи скапа струја
 
За три недели потрошени 6,1 милиони за увоз на струја

http://24vesti.mk/za-tri-nedeli-potrosheni-61-milioni-za-uvoz-na-struja

Вкупниот годишен приход на ЕЛЕМ е:
На АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, за 2016 година, се одобрува регулираниот максимален приход (MAR) за вршење на регулираната енергетска дејност снабдување во краен случај со електрична енергија да изнесува 20.679.998 денари, за испорачани 3.741.186 kWh електрична енергија.
http://erc.org.mk/odluki/22. ODLUKA ELEM ENERGETIKA SNABDUVANJE 2016.pdf

 
Во 2016 година, повеќе од 90% од новоизградените капацитети за производство на струја во Европа, се од обновливи извори. Најмногу се изградени ветерници. Предњачи Германија со 44% од новоизградените капацитети
https://www.theguardian.com/environment/2017/feb/09/new-energy-europe-renewable-sources-2016
Инаку цената на струјата во Лајпциг е сега околу 30 евра за мегават час
https://www.eex.com/en#/en
 
Последно уредено:
„Електрани Македонија“ ќе гради нов капацитет за производство на енергија во реонот на Делчево, а како извор ќе користат нов рудник за јаглен. Истражувањата покажале дека на овој потег има над 50 милиони тони јаглен, доволни за производство на струја во следните 30-тина години. Од компанијата велат дека во моментов се работи на физибилити студијата и изработка на рударски проект. Компанијата ќе инвестира и новиот Клинички центар во Скопје.

Компанијата планира и изградба на топловодна мрежа во Битола. Со ова според надлежните гасот ќе се приближи до потрошувачите, а тоа ќе влијае на намалување на загадувањето кое сега се должи на затоплување на домовите со огревно дрво.

Мицковски најави дека засега нема да се бара промена на цената на струјата. Минатата година компанијата ја завршила со профит од над 840 милиони денари што е двојно повеќе во споредба со 2015 година.
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=118849#.WLn99zieZoc
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom