Јас искрено не го сфаќам, целата кампања му беше потполно промашена. Наместо да вадат некои безвезни бројки за некои непостоечки економски успеси и да ги лажат луѓето со вработувања, тие се завртеа кон антиалбанска кампања која на крајот им се скрши од главата. Плус дебело го потценија Муки, кој по мене одигра клучна улога на овие избори. Од таму и целиот гнев на фамилијата кон него, гнев кој се манифестира со физички напади.
Џабе е сега, го јадоа стапот на изборите, сега следува детронизација. Мислам дека Гвујо ќе се обиде со последната карта наречена народ на улици, освен ако некој не му стави до знаење дека тоа ќе значи дефинитивен крај за него, крај полош отколку што било кога се надевал.
Инаку, мене ми беше јасно дека Гвујо е минато во моментот кога не му дозволија пролетта да направи уште една изборна кланица.