Ќе одговорам, притоа како генерална моја констатација....
А зошто да бара потписи од Груевски? Така решил Иванов, така направил. Виновен е уставот кој воопшто не ја дефинирал постапката за избор на влада, па претседателот на овој начин мора да маневрира по свој „мерак“. Впрочем, имаше и многу подрастични примери на почетокот на осамостојувањето на РМ.
Груевски победи на изборите и логично е победничката партија/партии да составуваат влада. Во спротивно, гласот на народот се гази од старт.
Ако не сакаме слични работи во иднина, мора да се прецизира оваа работа. Многу е чувствителна за да е толку недефинирана.