Парадокси доколку патување низ времето е возможно

  • Креатор на темата Креатор на темата blagojkk
  • Време на започнување Време на започнување
не си го разбрал делот со сателитите http://www.astronomy.ohio-state.edu/~pogge/Ast162/Unit5/gps.html

На ГПС, ГЛОНАС, Галилео и Компас имаш поставено атомски осцилатори, еве завчера се зезнаа на неколку сателити од Галилео.
..........веројатно е некоја фушерација, нема шанса да е нешто со дилатацијата на времето од проста причина што релативните разлики во брзина практично не постојат.
Од друга страна сознанијата на човековата цивилизација за времето и просторот и воопшто механизмите ( да употребиме суров збор механизам) се никакви. Ние сме како човек роден и пораснат на дното на длабок бунар на сред плоштад Македонија, од кого се бара на основа на она што е за него сознание за надворешниот свет ..т.е на основа на измените светло-темно на кругот кој го гледа високо горе , некоја капка вода или снег кои ќе допрат по него и звуците кои ги слуша од надвор... да го опише плоштадот и случувањата. Замисли каков шок ќе биде за него да излезе од бунарот и ги види спомениците, зградите. некој партиски митинг и на крај и милениумското тркало.... :) :) :)
 
Да се оди во иднината не е возможно поради тоа што неможеме да одиме некаде што доколку згазам на мравка ќе се смени .
Одење во минатото е возможно и пологично поради тоа што тоа веќе се случило и таа временска линија е нацртана веќе.
Е да бе. Патувањето во минатото е возможно - во иднината не. Да не е обратно?
 
..........веројатно е некоја фушерација, нема шанса да е нешто со дилатацијата на времето од проста причина што релативните разлики во брзина практично не постојат.
Од друга страна сознанијата на човековата цивилизација за времето и просторот и воопшто механизмите ( да употребиме суров збор механизам) се никакви. Ние сме како човек роден и пораснат на дното на длабок бунар на сред плоштад Македонија, од кого се бара на основа на она што е за него сознание за надворешниот свет ..т.е на основа на измените светло-темно на кругот кој го гледа високо горе , некоја капка вода или снег кои ќе допрат по него и звуците кои ги слуша од надвор... да го опише плоштадот и случувањата. Замисли каков шок ќе биде за него да излезе од бунарот и ги види спомениците, зградите. некој партиски митинг и на крај и милениумското тркало.... :) :) :)
Не те разбрав најдобро, сметаш дека не се прават корекциите на времето и дека не се поставени такви часовници или?
 
...веројатно се јавува некоја друга грешка која со следење на целиот процес ќе се исправи. Многу се ниски орбитите, многи се мали брзините да би калкулирале некакви девијации и растегливости на времето и гравитацијата на планетата ...нормално тоа е само мое скромно мислење. А такви мноооогу прецизни часовници се основниот услов за точност и на ЏИПЕС и на ГЛОНАС..
 
Орбитите не се ниски, на ГПС се наоѓаат на висина од 20100км со инклинација од 55степени и ја орбитираат земјата за време од 11часа 59минути и 2 секунди, ГЛОНАСС 19100 км и инклинација од 64.5 степени, Галилео 23200км и инклинација од 56 степени, Компас (Беиду) 21150km инклинација 55степени, QZSS Japonskiot 36000km и инклинација од 43 степени.
Главното оружје на глобалните навигациски системи е прецизното мерење на времето и моќта на антената на ресиверите.
 
Е да бе. Патувањето во минатото е возможно - во иднината не. Да не е обратно?
Логично да не може да се оди во нешто што не се случило и не постои ЧД
 
Од моментот кога го напишав првиот коментар до овој момент, кога ти го читаш одговоров, и двајцата отидовме во иднината. ЏД
 
токму така , дали ти можеш да отидеш право на твоето 4.100 мислење ? нее , но можеш ХИПОТЕТИЧКИ да се вратиш назад и да го видиш твоето 4.000. Зборувам за време на пишување на мислењето
 
Епа јас ти го читам мислењево од иднината. Некако не можам да се уклучам вчера да го прочитам ова шо си го пишал.

Аналогијата ти е тапа. Ако продолжам да пишувам ќе стигнам до било кое мое идно мислење. Моите постоечки мислења постојат единствено како парцијални записи, сведоштва од минатото зачувани во сегашноста(ваљда и иднината). Мисли малку со лејката. Коа читаш книга од Толстој, се враќаш во минатото? Го искусуваш тоа минато? Назад во 18XX се враќаш? Си го читал "Епот за Гилгамеш"? Се врати назад 4000 години коа го читаше?
 
Ја играм фудбал ти ми даваш кош ..... Не се разбираме .... ДА ти мора да стасаш до иднината кога тогаш но дали можеш да скокнеш во иднината да видиш што ќе се дешава у 2020 ? без да ја доживееш 2019 ?
Не поради тоа што тоа не се случило, да имав временска машина ќе се вратев назад оти тоа веќе се случило и тоа е испишано ... А иднината ќе се случува и чека да биде испишана
 
Има два феномена во природата кои ни се познати, а можат да бидат употребнени за да се исполни твоето "барање". Да теоретски има начини како да влезам во годината 2020 без да ја доживеам 2019.

Да можеби минатот е детерминирано, ама стрелката на времето не покажува во таа насока. Баш напротив, стрелката покажува кон иднината. Можеби иднината е пробабилистичка, ама без да имаме подобро разбирање за физичките појави не можеме да тврдиме дека патување во иднината е невозможно. Особено не кога имаме теоретска рамка која подразбира некакво патување од тој тип.
 
Ниту пак не можеме да тврдиме дека патувањето во минатото е исто така невозможно . Сепак само дискутирамо у стилот Шта би било Кад би било според некоја сегашна логика ...
 
Врз база на нашето разбирање,се разбира дека можеме да тврдиме дека патувањето во минатото е невозможно. Исто како што можеме да тврдиме дека патување во иднината е возможно. Постои рамка и објаснување зошто ова е вака. :P
 
прати ми те молам ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom