Помош, софтверски проблеми и совети

Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Дали може некој да ми каже како да прикријам MAC адреса од лаптопот?
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.010
Здраво на сите, на работа користам вајбер од декстоп варијанта затоа што таква ми е работата.

Не сака да прима фајлови и не ми ги отвара кога ќе ми пратат. Вели дека треба некое апдејтирање на виберот.

А од мобилен исто имам проблем, неможам да ставам ништо во attach кога праќам меилови. Вика unable to connect eror IO. Користам САМСУНГ ГАЛАКСИ Ј5. За меилови користа OUTLOOK.

Ве молам помогнете.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Дали може некој да ми каже како да прикријам MAC адреса од лаптопот?
Не можеш да ја скриеш ама можеш да ја сменеш,
има една програма technitium ќе си ја симнеш и смени си ја.

Но и оваа, треба да си го смениш и името на уредот, во случајот лаптопот, оти можат пак да те знаат по име!
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Не можеш да ја скриеш ама можеш да ја сменеш,
има една програма technitium ќе си ја симнеш и смени си ја.

Но и оваа, треба да си го смениш и името на уредот, во случајот лаптопот, оти можат пак да те знаат по име!
баш вчера ова програмче го инсталирав и ми ги менуваше адресите ама мислам дека од листата една или 2 не можеше да ги промени... зошто и како не знам...
чаре?

инаку фала за советот околу промена на името на лаптопот ;) :)
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Здраво на сите, на работа користам вајбер од декстоп варијанта затоа што таква ми е работата.
Не сака да прима фајлови и не ми ги отвара кога ќе ми пратат. Вели дека треба некое апдејтирање на виберот.
Вајбер за десктоп знае да биде баговит и очигледно е далеку од солиден софтер за десктоп.
Нема опција за check for updates, обично кога има апдејт, во горниот десен агол кај тој ЗАПЧАНИКОТ, се појавува нешто со виолетова боја и кликаш таму update и се апдејтира.
Ако таму горе десно немаш апдејт, можеби тоа е поради некоја рестрикција. Обиди се да го симнеш од сајтот, ваљда ја имаат најновата верзија ставено.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
баш вчера ова програмче го инсталирав и ми ги менуваше адресите ама мислам дека од листата една или 2 не можеше да ги промени... зошто и како не знам...
чаре?

инаку фала за советот околу промена на името на лаптопот ;) :)
Јас чисто од радозналост го имам инсталирано, го пробав тогаш и толку, немам потреба да се кријам.
Незнам за каква листа прашуваш, ама притискај таму ваму ќе се снајдеш.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
во програмчето излегува... Bluetooth Network, Enternet, Local Area Connection, Wireless Network Adapter... и уште 2-3 други... сите излегуваат во листа и на сите им се менува MAC адресата... само не се сеќавам на кои две не можеше...

btw. работам нешто онлајн и се обидувам на иста страна да се најавам од повеќе user-и и притоа да не ме провалат, па затоа менувам IP адреси и MAC адреса....
 
Ако веќе сакаш да пристапуваш до страна со повеќе ИП-адреси, користи Firefox portable или Tor, оти ако користиш некој од обичните пребарувачи ќе те видат по колачињата,

Тор ти е хакерски пребарувач но не значи дека е 100% безбеден, можеби ќе им треба и 10 години но пак би ти ја нашле IP-адресата од каде си се вклучил.

Ако ти е да правеш мали заебанции, без некој криминал, користи си Тор он самиот ги менува адресите кога ќе заврши сесијата, но имај на ум дека е доста побавно одколку со друг пребарувач.

мој совет ти е користи портабле и уживај
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
каков криминал какви бакрачи... :D млад сум за по затвори лежење хахаха

работата е што е странски сајт и си имаат сигурно контроли, не би оставиле секој да печали пари а да се уклучва од иста IP адреса... и колку што знам ги имаат блокирано user-ите на тие што го прават тоа.
затоа и барам чаре...

ќе го инсталирам тор, ако нешто не оди тогаш firefox portable. фала за советите!!!
 
Ако ти е да кликаш на реклами ич не си го троши времето, подобро оди скопај некоја бавча поголема корист ќе имаш:P
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
589
Поени од реакции
246
Имав два торенти,сеа при крај се со симнување,ама се замрзнува нот респондинг биторентот,и у торент пробав,истп нот респондинг?што може да е?
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.927
Поени од реакции
1.658
Имам 2 графички, интел и ати радеон. Инсталирав windows 10/ 64бит и при инсталација на ати радеон драјверот цел пц ми се укочува па мора преку save mode - device manager, disable на ати радеон драјверот да му направам иако не е целосно инсталиран. Проблемот се дешава и на ауто детектирање и на мануелно инсталирање на драјверот.
Help? :cautious:
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Тор ти е хакерски пребарувач но не значи дека е 100% безбеден, можеби ќе им треба и 10 години но пак би ти ја нашле IP-адресата од каде си се вклучил.
Морам да те коригирам овде, не е точно дека би им требале 10 години да ти ја најдат IP адресата.
Тор има две многу знајачни ранливости што не се присутни во стандардни прелистувачи:
- Голем дел од излезните јазли во Тор мрежата се под контрола на државни агенции како НСА.
- Тор прелистувачот открива многу податоци за корисникот со Javascript, затоа ако веќе го користите, оневозможете извршување на Javascript.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Морам да те коригирам овде, не е точно дека би им требале 10 години да ти ја најдат IP адресата.
Тор има две многу знајачни ранливости што не се присутни во стандардни прелистувачи:
- Голем дел од излезните јазли во Тор мрежата се под контрола на државни агенции како НСА.
- Тор прелистувачот открива многу податоци за корисникот со Javascript, затоа ако веќе го користите, оневозможете извршување на Javascript.
Знам отприлика што како е, оти имам доста читано за него, не сум баш некој корисник, попрво би користел м. потрабл со прокси, за таа намена

Имам прочитано дека НСА ги зачувува енкриптираните податоци (има услови за тоа) и чека некој подобри времиња во развојот на технологијата, затоа го спомнав тоа 10-тина години
 
B

bngj45

Гостин
Го форматирав компјутерот инсталирав нов windows и сеа кога играм ПЕС 2017 ми сецка играта а пред тоа кога не ми беше форматиран не ми кочеше.Дали знаетете до што е проблемот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom