Let 3 - Агент на УДБА...
Не сум видел македонец да говори с такава омраза против бугарите, дури и Миленко...
Омраза кон секој кој овде вршел злосторства и окупирања а и ден денес тврди дека тоа било исправно и дека така требало, задоени со мрачни фашистички идеи, продаваат тези дека ова е бугарска земја, бугарски народ дека овде бугари биле администратори и ослободители плукаат и ја негираат херојската борба на Македонскиот народ за својата слобода.
Та Срби та Грци та Бугари, секој кој е на такви ставови за мене е предмет на омраза.[DOUBLEPOST=1476369373][/DOUBLEPOST]
Ниту едно злосторство не наброја, после комперацијата Бугарија vs Југославија на цело се изгуби.
Бугарските фашистички окупатори имаа неуспели акции и борби против Македонските партизани, и после секоја неуспела акција бугарите и овде и во србија го правеа истотот - му се одмаздуваа сурово на народот, на селаните, пример кога претрпеа бугарите пораз кај селото Орев дол во борба со партизанскиот одред Димитар Влахов, Бугарите за одмазда влегоа во село Јаболчиште, тепаа и малтретираа селаните а осумина стрелаа, неколку дена покасно влегоа во село Азот, каде свирепо измачуваа 128 селани а 15 селани убија и тоа прво ги избодеа со бајонети после пукаа во нив, селото Габровник го спалија до темел, Кај велес стрелаа заробени припадници на партизанските одреди без судење, во Врановци заклаа татко и син осомничени дека помагаат партизани а на друго дете му ставија вжештена шипка в чмар, во Бистрица до смрт претепаа чоек затоа што синот му беше партизан, во Папрадиште при борба со партизански одред заробија ранета партизанка Невена Никола-Дуња, после зверско мачење Бугарските монструми и ја отсекоа главата, ја наденаа на колец и така ја носеа по села и градови да го плашат народот а џелатот доби 40.000 лева награда за гнасниот чин
Секој ден за време на бугарската окупација правени се злодела врз македонскиот народ а слична па и полоша ситуација беше во Србија