Абе јакиот тим што го имате веќе, па сите утакмици кај што не сте победиле се наместени.
Освен Хасани, се друго е просек невиден реално. Да, подобри се од играчите од другите екипи, ама не се до толку подобри па да не се очекува дека ќе кикснете како екипа.
Како прво одбраната ви е босотилук и плус со играчите кои ги суспендиравте сте уште послаби. Хасани ви е пола екипа, Ибраими е добар, Брацо џуниор е океј играч и тоа е тоа. Не можеш да очекуваш од Радески и Жуниор дека ќе ви донесат само победи во лигата.
Дека нешто смрди во клубот, се забележува по тоа дека поедини менаџери си буткаат свои играчи во тимот и тука веќе се доаѓа до заклучок дека клубот станува нивна играчка и ќе служи за билдање статистика на играчите, а успехот на истиот е споредна работа. Нив треба да им се лутите, а не на Акрепот што ништо не решава во тимот.