Нема потреба од вакво нешто иако реалноста е дека просечниот гласач е многу малку информиран највеќе поради очајната ситуација со медиумите. Додека помладото гласачко тело има шанса за тоа реално старите и не можат и не сакаат и не се способни да ја користат новата технологија.
Инаку она што и фали на Македонија се:
1. Редовни јавни дебати помеѓу главните политички актери и тие околу нив.(10 годишниве монолози одамна се патетични)
2. Долгорочна визија(цели) за кои се согласуваат и оние на власт и оние во опозиција и доколку не се исполнат да сносат одговорност(да не смеат да држат функција или некоја друга казна)
Исто така долгорочната визија би требало да не се прекине и со смена на власта пошто реално 4 години се малку за некои промени
П.С Работиве што ги објаснуваш не се многу комплицирани, но потребни се луѓе критички настроени кои би имале глас(во идеален случај тоа се новинарите) кои би ги пренесле овие и други комплексни термини кон пошироката маса, а воедно и би удриле во слабостите на одредени предлози со што или тие предлози целосно ќе се отфрлат или ќе се изменат доволно за да бидат реални и корисни.
П.С2 Нема смисла земјоделец да го прашуваш за економија за тоа има економисти кои треба да ги продискутираат тие прашања и колку одредени политики би биле пожелни и што чини, а што не чини.
П.С3 Во идеален свет просечниот гласач е многу поинформиран од моменталнава траги-комична ситуација каде секој е експерт за се. Но, за тоа треба време и длабоки реформи во системот за едукација кој намерно или ненамерно е многу одамна застарен
П.С4 Не секој има шанса да се едуцира и информира па не може да се дискриминира половина популација на таа основа и малку е арогантно и препотентно да се каже со тест кој би можел, а кој не би можел да гласа и како екстра во демократија секој би требало да има глас така да ова како идеја и не е лошо, но имплементацијата е скоро невозможна.[DOUBLEPOST=1478645124][/DOUBLEPOST]
Власта е таква каква што заслужува народот. Народот ни е таков каков што е. Просто се ежам кога ке помислам колку народот е неинформиран и политички а често и елементарно неписмен а секој има право на глас. На изборите бираме пратеници, претседател, градоначалник, советници, се нудат опции НАТО, ЕУ, се зборува за БДП, се зборува за фискална и монетарна политика, инвестиции, задолжувања..... а голем дел од народот нема поим кои се ингеренциите на претседателот, како функционира парламентот, кои се ингеренциите на градоначалникот, што е тоа НАТО, што е тоа ЕУ, што е БДП, што е ДДВ , што е фискална а што монетарна политика....... абер нема а гласа! Сметам дека треба да се воведе едно тестирање за секој што сака да гласа и ако го положи тестот да си добие гласачкам легитимација. Во тестот би имало наједноставни прашања од типот: Зошто го празнуваме 8ми Септември, кој бил прв претседател на самостојна македонија, прв премиер, актуелен премиер, што е НАТО, што е ЕУ, колку е мандатот на пратеникот а колку на претседателот...... едноставни прашања што здраворазумен човек кој е и малку информиран би ги одговорил и со тоа би покажал дека знае за што гласа а не да гласа за претседател на држава а да очекува да му се направи канализацијата или гласа за градоначалник оти бил за влез во ЕУ......
П.С Прашањава што ги имаш поставено воопшто не ми кажуваат дали некој е здраворазумен туку дали пазел на часот по историја што реално и не е битно кој дали во меморија паметам кој бил прв претседател кога можам на Гугл за секунди да проверам таква информација, а во мозокот би имал простор за покомплексни и посуштински прашана од типот зошто 20 години имаме 30+ % невработеност? Што би можело да се направи за да се трансформира системот за едукација од оној наменет за 20 век каде меморирањето голем број информации било од суштинско значење и овој во 21 век каде ги имаме сите информции на дланка, а потребно е само „длабоко размислување“ за тие информации да се искристат и имплементираат за подобро утре.
И други слични прашања од тип на животна околина, социјален статус, ситуација со јавното здраство итн.