Здраво до сите.
Го читам форумот наназад и некои работи ми се јасни, но би сакал некој да ги наброи чекорите за добивање бугарски пасош.
Јас го почнав целиот процес, но не сум целосно внесен во истото поради др. причини, па би сакал да ги знам чекорите што ми претстојат на патот. Да, ми се спомнаа неколку работи што и тука се спомнати, па ајде со ред -
- ќе вадам бугарски пасош на база на прв братучед (мајките ни се сестри, hence исти нивни родители (мои дедо&баба) со "бугарско потекло").
- извадени изводи на раѓање, мој, братучед, мајките, документот од бугарското здружение во Струмица
- истите моментално на превод во Софија
Што се следните чекори? Сето ова оди преку посредник. Според она што ми е кажано и прочитано тука, следи одење во Софија за поднесување на истиве документи (што се добива тука?), па после 2 месеца повторно одење (со лекарско уверение, доказ за неосудуваност)...
Ќе може некој најточно да запише? Благодарам.
И гледам дека имате интервјуа за од 2018-та натаму. После ова интервју (финално ли беше?) ви се дава пасош или?
Благодарам однапред за одговорите.
Поздрав!