Не баш. Тоа може да и наштети на рејтингот на Хилари, ама ќе наштети и на неговиот. Тоа е мачкање со гомна, а народ не гласа за такви луѓе. Прљавите работи треба да му ги изработи друг, а тој да биде гласот на разумот и да промовира позитивна кампања. Трамп нема таква можност, нема ниту логистика, ниту медиуми да го направи тоа. Затоа и шансите да победи му се минимални.
Дополнително западните медиуми со “трета светска војна“ приказната го ставија Трамп во уште една lose-lose позиција. Се труди максимално да се извлече, и по мое има одличен тим на советници, кои одлично му ја менаџираат кампањата тактички, не долева масло на огнот. Ама џабе му е, кога нападите идат од сите страни. Единствена шанса му е ако и кај Америте, во тој руралниот дел што го потценуваат по анкети, се случува некаков Брексит тип на антиестаблишмент расположеност.