Здраво на сите, нов сум на форумов.
Хмм, го читам топиков веке некое време, па имам некои прашања. Поднесов документи за произход преку амбасада на 2 Јуни, па кога ги прашав за колку време ке биде готов, ми рекоа да се јавам во амбасада во Декември, а следејки ги муабетите тука, повекето од вас споменуваат само некои 3 месеца за земање на произход, а не 7. Освен тоа, гледам дека некои од вас имаат бројчиња преку кои го следите процесот на интернет на страната на ДАБЧ.
http://www.aba.government.bg/?legal=7
Од каде го добивте тоа бројче? Мене преку амбасада ми дадоа само ливче на кое пишуваше дека сум платил 65 евра, ништо друго. Можеби ова бројче го добиваат само тие што поднесуваат директно во Софија?
Во врска со гражданство, гледам дека интервјуто го закажувате посебно? Во кој дел од постапката го закажувате? Пред да подадете документи за гражданство, или после?
И дали може да се закаже термин за следната постапка (Интервју или понесување документи за гражданство, што и да е), без да имам готов произход? Земајки во предвид дека произход ке земам во Декември, терминот ке ми го закажат којзнае кога во 2017, а самиот термин за произход ми беше закажан во Јануари за во Јуни оваа година.
Ви благодарам.