Погба уште кога беше донесен во Јуве беше третиран како златна кокошка. Уште не изигра 2-3 утакмици и почна да се врти фамозната бројка од 100М.
Е сега околу пренасочувањето на парите од него. Ако одат на таа клаузула од Игуаин тогаш е најглупа работа што ја направил Марота. Ако одат на други играчи (пример Ракитич, Матич и тн). Значи муабетот ми е неколку квалитетни и по можност млади засилувања ок. Ако одат само на Игуаин е фрлање на пари в бунар.
Пјанич е некаква замена за Погба на средина, ама проблемот е шо не треба замена туку опции. Маркизио и Кедира се ептен неизвесни и не треба дополнително комплицирање.
Јас не се согласувам дека парите се фрлаат во бунар. А околу замените, убаво кажа еднаш Моџи во едно интервју, кога рече дека квалитетните играчи немаат замена. Го продал Зидан, а го купил Недвед, кој не бил воопшто ист играч како Французинот. Фудбалот се менува, тимот не смее да биде граден врз еден играч, ни врз играта на еден играч, тоа е погубно.
Ама со парите што ќе ги земиш од нив, можеш да го направиш тимот да биде еден левел повисоко. А мое мислење е дека со Игуаин и уште едно квалитетно појачување во средината, Јуве ќе го има токму тоа.
Јас сум убеден дека Марота го излажа ставката што ја има во клаузулата, 2х47 милиони.

На векиа сињора, имаше статија напишано, дека во Торино имало некој човек, голем фан на Јуве,кој „на црно“ печател дресови од Јувентус (кинеска роба). Човекот се занимавал со таа дејност 30 и кусур години, и работел претежно со печатење на дресови на оние кои што немаат пари да си платат оригинал дресови од Јуве. Во 4 дена, испечатил 20.000 дресови на Јувентус со бројката 9 и со името Игуаин

. Досега рекордот бил 10.000 (на Дел Пиеро).
Ако пак плаќањето на клаузулата е некаква си дополнителна финансиска инекција од ЕХОР со цел да се направи јуриш на ЛШ, тогаш мора да се чува Погба.
Фрлање на толку пари на Игуаин на сметка на Погба е чекор назад кога зборуваме за ЛШ. Ако се продава Погба треба уште некое квалитетно име на средина.
Погба е одличен играч, вонсериски талент, играч кој знае да игра на секоја позиција во средината и безпрекорно да ги извршува сите задачи на теренот. Нормално, дека ќе се чувствува неговото отсуство од теренот, доколку го продадат.
Но, присети се малце на почетокот на минатата сезона кога Јуве играше мизерно, и потсети се на неговата игра, и воопшто неговата улога. Не знам за тебе, ама за мене класа играч е оној кога знае сам на грб да го крени клубот и кога му е најтешко да го поведи кон победа. Погба, мора да се сложиш не беше тогаш ни најмалку од тоа. Дури имаше и свирежи од публиката дека 10-ката му ја дадоа нему, дека не се залага, итн. Значи, Погба според мене е одличен и незаменлив кога тимот околу него игра супер, а кога тимот е слаб, искрено Погба барем дури беше во Јувентус не се покажа и не се истакна како лидер и предводник на клубот. Тоа му го препишувам на неговите години, сеуште е млад да биде тоа, а на Јуве му требаат предводници, играчи кои со индивидуален потег решаваат натпревар. Не сакам да звучам, еве го продаваат Погба па сега не чини, воопшто не е така. Сакам да остани, и знам дека само позитивно може да биде неговото останување во клубот, но 126 милиони е сума која ќе ги урне сите рекорди.
Еве го Моџи што изјави:
“If I were Juventus, I’d have no doubts at all. I’d sell Pogba immediately and then straight away sign Higuain. I’d go to Porto, put Herrera in Pogba’s place and nobody could tell the difference.
“Higuain is a far more decisive player. The chances of winning the Champions League would increase and he’d represent a substantial change.”
Трансфер рокот е отворен уште 1 месец и 1 недела. Ако Јуве решат да го продадат Погба, тогаш треба уште еден играч на средината купување.