Kуркуминот е студиран до немај-каде, и неговиот позитивен ефект е докажан во многу сегменти од медицината, не е snake oil, поготово во вистинската форма - прав, не таблетки.
Го употребувам и лично, и има илјадници испитувања меѓу кои и многу клинички позади него, не само за дијабет него за многу други работи, отвори pubmed/ncbi и читај - ако постојат чуда од билки, тоа се ѓумбирот, турмерикот (куркуминот е само дел од него) како и црното семе, другите иако имаат голем бенефит, не се толку опширно ефикасни за многу работи - буквално чуда се постигнуваат со нивна континуирана конзумација, артитис, дијабет, хронична инфламација, астма, дегенеративни заболувања, авто имуни пореметување, хормони, холестерол, атеросклероза, деменција, алцхајмер итн.
Модерната медицина се користи се трикови за класификација на лековите, имено нивните докази и ефекти не ги подразбираат стотоците несакани дејства, ако е така земи налупај се со морфиум или трамадол, нити болка ќе осеќаш ни ништо, али цел живот ќе треба да ги конзумираш ако не умреш во следните неколку години од преголема доза, или да ти откаже некој орган.
Од лично искуство и компарација помеѓу аналгин, ибупрофен, кетопрофен (од мака а и од радозналост) наспроти турмерик, ѓубмир масло и црн пипер ти кажувам дека аналгетиците се послаби, и сем некои други многу по силни сооединенија апсолутно се преценети без разлика што имаат години и години тестирања позади нив. Пред да ми кажеш дека е пласебо, да те потсетам дека над 90% од продуките кои сум ги пробал за разноразни потреби, не делувале воопшто, јас во селективни пласебо ефекти не верувам, најмногу заради тоа што и самиот сум голем скептик па така ако кај некого пласебо ќе работи тоа не сум јас, или би било екстремно ретко.
Анаглетиците блокираат само неколку видови на инфламаторни простагландини, додека турмерик-ѓумбир комбинацијата, многу повеќе.