Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
1 месец е не треба сеа којзнае колку големо и значајно да и земеш...
најубаво злобница да ја послушаш :smir:
 
нешто мало и значајно.. нешто што знаеш дека ќе ја израдува и ќе ја потестува на тебе... нормално чоколатциња или ружичката се неизбежни...

и дотурка до еден месец? браво машко
 
Пакетче кондоми и крем банани.
Јас на бивша и имам однесено за 2 месеци и се изненади.(во позитивна смисла)
 
Ок... Јас имам проблем. Ко за почеток неам среќа у љубов!!! Порано едно дете мн ме сакаше, али ја него не и му удирав корпи. Али сеа кругот се сврте, и ја мн го засакав, а тој само ми го плеска минатото у фаца и нзз шо да праам. Нејќам дирекно да му кажам дека го сакам да не испадне дека ми мава корпа, ризикот е голем!!! plizz HELP!!!:icon_ques:(
 
не е помош али преслушај го врчак...:tv:
се се памти, се се плаќа,
се се врти, се се враќа...:salut:
 
Ок... Јас имам проблем. Ко за почеток неам среќа у љубов!!! Порано едно дете мн ме сакаше, али ја него не и му удирав корпи. Али сеа кругот се сврте, и ја мн го засакав, а тој само ми го плеска минатото у фаца и нзз шо да праам. Нејќам дирекно да му кажам дека го сакам да не испадне дека ми мава корпа, ризикот е голем!!! plizz HELP!!!:icon_ques:(
Па нормално е тоа де, да се врти кругот :).
Само потсети го дека и тој давал корпи, дека не можеш да бидиш со него ако не го сакаш, но тоа сега се променило. Ако сака да прифати во ред ако не барај си ја среќата на друго место, нема потреба од молење. То е то
 
Ќе ве послушам ќе му дадам шанса на детето кое сум сигурна дека ме сака и мислам дека конечно ќе бидам среќна :pipi:
 
Проблем ипол.
Лани се гледав со еден тип. Не беше сериозна работата, не се гледавме многу често. Не знам за него, ама он мене многу ми значеше, дотогаш не сум била затрескана во некој како што тогаш бев во него. И една вечер јако ме издува, ми рече дека ќе се смирува со бившата. Од тогаш, ни трага, ни глас од него. Изгубивме секакви контакти. Иако имав добра причина за да го мразам, не можев да го замразам. Во срце ми беше, и премногу мил.
Сега сум во врска. Сериозна, преубава. Сигурна сум дека го љубам. И најмалку го заслужува ова да го правам, но...
Во изминативе неколку дена, често се гледаме со ланскиот тип. Конкретно вечерва, бевме во ист клуб, јас бев со другарки, он со друштво. Нема сега женска. Damn. Голем дел од вечерта ја помина во моето друштво, и цела вечер ми кажуваше преубави работи. И морам да признаам, не ми беше сеедно. Такви работи не ми кажуваше кога требаше... Не е некој таков тип, за намерно да ми прави проблеми. И колку и да го познавам, не можам да сфатам зошто го прави ова. Се договоривме некој ден да испаднеме на кафе. Чисто онака, да си се видиме.
Финтата е што, не знам каков совет да барам од вас.
Ама навистина не знам како да постапам. Дечко ми ич не заслужува мислите да ми одат кај друг. А одат...
 
Зошто седиш на две столчиња?
Мој совет би ти бил да расчистиш со едниот под хитно. Со кој сакаш, твој избор (иако јас типувам на 1, односно тој од минатата година... бидејќи тој еднаш те шутнал, нема да му е тешко да те шутне по втор пат, и трет...) само со едниот расчисти па почни со другиот да правиш што ти душа сака. Можеби погрешен избор ќе направиш, ама во секој случај помирно ќе спиеш. Вака можеш да направиш пак погрешен избор, ама и да не спиеш раат.
 
Дали добро разбрав? Овде има тројца....1 што и се скарал......2 што е во врска и, и е преубаво.......3 што и се допаѓа и пак и е убаво.....

За првиот не гледам проблем. За останатите одлучи се ти, не можеме да те советуваме кога само ти си ги знаеш и чуствуваш тајните на срцето. Само како што рече принц, не седи на два стола т.е. пробај :)
 
Првиот и третиот во приказната се една иста личност. Прво ја шутнал за бившата негова, па сега кога веќе бившата дупла бивша му станала, сака да Таа да му се врати (пак бившата :))
Лабилен карактер, многу се надева на минатото, а не на иднината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom