Било каква забрана за постоење и функционирање на религии, секти и слично (освен за криминал како што погоре спомнав) не е добра и ке не втурне во меѓусебна омраза и секогаш ке има само контраефект. Единствено решение е слободното функционирање и меѓусебно уважување и почитување. Религиите не биле забранувани ниту од османлиите. По повлекувањето на османлиите, еве од Балканов, поробените народи останале доминантно Христијански што значи дека дури и во тоа време имало меѓусебна религиска толеранција. И во Турско се граделе и функционирале цркви, по 5 вековно ропство останале цркви и манастири од средниот век како културно наследство што значи не биле срушени. Секако дека имало случаи кога верски објекти биле спалувани и уништувани но тоа не било државна политика туку се случувало инцидентно најчесто кога во таквите објекти се криеле ајдуци, комити или како освета за нивни акции.... Порано покривите на црквите биле од оловни плочи. На турциите оловото им требало за изработка на муниција и султанот дозволил да се зема оловото од црквите но во исто време на државен трошок на црквите да се направат кровови од керамиди што значи и во тие стари, насилни и опасни времиња имало религиска толеранција. Во мешани средини поповите и оџите биле најдобри пријатели и си помагале.... Дали ние сега во 2016 година треба да се спуштиме пониско од нивото на османлиите во 1500 година и да забрануваме религии, да мешаме држава со религии, да шириме омраза и правиме поделби? Нема религија, секта или учење кое само по себе е лошо, никоја религија не пропагира насилство, проблемот е во нивното искривување и погрешно толкување а тоа најчесто не е во религиски туку во политички цели и затоа е потребно потполно дистанцирање и немашање на политиката и државата во религиите.