Не „заебаај“... учениците протестираат за да не учат. Не ме мафтај со финти кои немаат врска. Јас никого ништо не сум блокирал, ни ученици, ни улици. Ниту луѓето кои чекаат „шарковците“ да ги пуштат да поминат. Тое се мирни и обични луѓе. А ако сакате да се правите силни... нека ви дојдат одредени луѓе кои не се културни и не дојдени за да преминат, туку за нешто друго... па тогаш одмерете си ги силите со нив, ама да не биде „оф леле мајко“.
Ти велиш диктаторски режим, многу други велат обратно. И? Шо праиме сега? И тоа повеќето се кои велат обратно. Кој кого и каде ќе блокира.
Како и да е... јас апелирам да не се малтретира народот, ти сосема 10-муабети тераш кои немаат врска со моето пишување.
А, инаку... блокирањево и вандализирањето му оди во прилог на ВМРО ДПМНЕ, особено блокирањето. Секој ќе го фати нервоза и револт према оние кои го мачат низ улиците. Нејсе, Заев се покажа како тотален аматер во плановите и стратешките организации и предвидувања. Не е ни чудно, кога ќе му се види педигрето. (На ова ве молам не ми правете споредби со други личности, за дискусија, научете се да дискутирате на конкретен начин, не „ами тој да не е поарен“).