- Член од
- 30 август 2012
- Мислења
- 4.035
- Поени од реакции
- 7.381
Почело је почело ....
.. Ова за Маневски само мене бе прочитале или
ало бе се заебавав
. Инаку како што кажа Горан тоа што ветија првиот чекор исполнија , кога никој не верваше кај што фативме бараж и не вратија во прва лига.
Сега се ветуват две работи
-Излез во Европа (мислам дека ако си стојат на зборот ќе бидиме пред Работнички и најмалце трети)
-Малата трибина (Ова е најважно од све, ако се напрај стадионот и плус се уреди и големата за клубот ќе нема зима)
Мене да ме прашваш по битно е да се уреди инфраструктурата односно нова мала и реновирање на големата трибина отколку излез во Европа.
Виктор Треневски го презема кормилото на Пелистер!?
Поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски, како што дознаваме, треба да биде новиот тренер на битолски Пелистер во новата сезона во која тимот од „Тумбе кафе“ повторно се враќа на прволигашката сцена.
Битолчани најавуваат дека од следната сезона Пелистер ќе игра сериозна улога во домашната Прва лига поради што наредниот период најпрво се очекува да има нова промена во управувачкиот пакет на клубот. Промената на сопствениците во акционерското друштво, и новите раководни структури, носат во тој пакет и промена во стручниот штаб и во играчкиот кадар.
Виктор Треневски, според информациите, треба да ја добие улогата шеф на стручен штаб со одврзани раце и околу идните засилувања на тимот. 43-годишниот Треневски претходно бил тренер на словенечкиот прволигаш Заврч, а минатата година беше тренер и на црногорскиот Дечиќ, но поради проблемите со лиценцата доби шестмесечна суспензија. Во својата играчка кариера, покрај настапот за Будуќност, Партизан, Олимпија Љубљана, Копер, Драва…, во 2000 година го носеше дресот токму и на Пелистер.
Што се однесува околу управувачкиот пакет, на местото на „Цермат“ во иднина како спонзори на клубот и официјално треба да се вклучат „ЗИК Пелагонија“ и „Пелистерка“… Овие две компании и претходно беа во трка да го преземат владеењето со Пелистер во периодот на неговата трансформација во акционерско друштво, но тогаш победи „Цермат“.
Маневски, Љамчевски, Петров но и Мирко Ивановски на листата потенцијални засилувања
Враќањето на „пелистерци“ во Првата лига веднаш значеше и почеток на шпекулациите околу идните засилувања на клубот. Веќе се најавува ангажман на досегашниот напаѓач на Работнички, Борче Маневски, како желби се спомнуваат и Благоја Љамчевски и Стефан Спировски од Вардар, но и поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски.
26-годишниот Ивановски во моментов е член на турскиот второлигаш Болуспор. Турците не успеаја да се изборат за место во Првата лига, какви што претходно беа амбициите, па не се исклучува можноста Ивановски да го напушти клубот.
На листата п0тенцијални засилувања е и Филип Петров од Тетекс, кој во минатото настапуваше за шампионот Вардар.
.. Ова за Маневски само мене бе прочитале или
ало бе се заебавав
. Инаку како што кажа Горан тоа што ветија првиот чекор исполнија , кога никој не верваше кај што фативме бараж и не вратија во прва лига. Сега се ветуват две работи