овој текст го напишав не за да барам совет, или за да ми судат, се ми е јасно
туку ако прочита некој со мака можда да помогнам
Порано запаѓав во страшни депресии имаше периоди и со години, ама несвесно запаѓав, никому не му беше гајле и сами поминуваа периодите. Покасно се освестив дека не е во ред кога сум во таква состојба, читав најдов световни книги дека депресијата е болест најдов црковни книги дека е униние и грев (секоја психичка болест е ѓавол според нив и можеш да му се спротиставиш со добро чисто срце да собериш позитивна енергија и да го избркаш)
И сега се борам на самиот почеток кога ќе ја осетам грутката во градите дури е најслаба се борам со се што знам и имам да надминам, дури ова е последна сламка за спас кога не поминува ќе објавам некаде дека ќе надминам, тоа ми е како заклетва дека ќе надминам - реков и ќе направам.
Лекарот не ми кажа дијагноза, тој дава апчиња вика смири се па ќе разговараме а кога човек ќе се смири ќе се сконцентрира на нешто друго и сигурно нема да се врати на разговор.
И сето тоа добро почнав да се контролирам, и да ја сузбивам депресијата не само за децата, туку и за мене, дури и за оние што ми го срушија светот нема да им дадам задоволство и да се срушам да ме видат. Ќе даде Господ ден тие ќе се срушат пред мене. Арно ама си дијагностицирав депресија како болест некој делчиња од мозаикот не ми се спојуваа.Некој постапки што ги направив во минатото ниту личеа на мене, ниту знам зошто така постапив за лошите чудни постапки немам никакво оправдување, за добрите или глупавите постапки,за моменти во еуфорично однесување немам објаснување. Копав насекаде се преиспитував, лудите настани од детството се обидував да ги поврзам со мојте реакции ама ништо не се сврзуваше. И сега пред неколку дена ги гледав извештаите од психијатрот што ги гледав често за да најдам нешто да се објаснам
Во извештајот пишува депресивна епизода, а јас секогаш гуглам депресија и сега ми падна во очи изразот, гуглав депресивна епизода и излезе биполарно растројство. Кој и да го пишувал тоа во википедија ме опишувал. Сите коцки паднаа на место.
Во депресија влегуваш од нигде никаде, осеќаш грутка во градите, повеќе како маглина ја замислувам црн мрачен облак, и се шири да те проголта. Ако реагираш навреме ја стопираш. Последно западнав во депресија после смртен случај, во тој момент нормално е да тажиш и не ти останува да се бориш и она се сотрев, две години накај три не бев како што треба.
Повик за будење беше, една моја драга пријателка во крајни напори да ме извлече, доаѓаше разговараше со мене ми помагаше на секој можен начин сестра да ми беше ќе ме оставеше
Таа во тој момент стапи во врска со опасен човек, вака и на свест мислам дека беше опасен. Образован муслиман, по мое мислење сегашен или иден вахабист со силна интелегенција. Толку го проценив само од нејзин збор и однесување, значи му се восхитуваше колку е напреден во образованието и во умот, не го сакаше ама во нејзино општество беше стара мома и тој беше добра прилика. Арно ама штом ќе дојдеше кај мене-православната шептеше кога праеше муабет со мене од потсвесен страв тој да не ја чуе, очигледно се криеше дека доаѓа кај мене, ако и се јавеше на телефон го лажеше, очигледно се плашеше. Колку треба да си исплашен за на километри растојание да шептиш место да зборуваш?
Во тој момент дугмето ми се сврте ми се испомеша депресија со манија изгледа, како што бев падната одеднаш добив некоја луда сила и чувство на огромна моќ
Му пишав на тој човек, буквално му пишав дека ако и се случи нешто вратот ќе му го исечам. Буквално.
Таа го изгуби него (да ја сакал не би се исплашил од жена макар и по нивни закони ако те убие жена одиш во пеколот, пак да ја сакал не би избегал од друга непозната жена, би сторил се да реши меѓу нив двајца.)
Јас ја изгубив неа. Болеше.
Сигурна сум дека не смеев да се замешам.
Не сум сигурна дали е полошо да е цел живот сама или во робија. Ама сигурна сум дека не беше моја работа.
Сега и манијата ја препознавам кога доаѓа, доаѓа со нереален бизнис план, доаѓа со чувство на моќ, доаѓа со еуфорија. Исто. Нозете на земја, главата на метар и седумдесет не во облаци и ќе ја спречувам. Од петни жили со се што знам и умеам спречувам вакви периоди.
Како да се победи депресијата или манијата? Многу тешко. Само да се спречи е најдоброто решение. Силна свест дека се соочуваш со таква болест, и силна волја за нормален живот. И згора на се сигурна сум дека е ѓавол, оти успевам да го избркам.
овој текст го напишав не за да барам совет, или за да ми судат, се ми е јасно
туку ако прочита некој со мака можда да помогнам