Тоа е твој личен став и треба да стои пред реченицата едно МОЈ СТАВ Е ДЕКА... и да продолжиш со цитатот пошто мене и многумина милионе и те како не иразува тој став на Црквата која е жив организам и секојдневно дава одговори на секакви филозофски, психички, психолошки, социопатолошки и незнам се какви не проблеми со кои се соочува човештвото. Не се изостава и онтолошкиот проблем кој Цркавата го смета за приоритетен бидејќи комплетно ја претставува и мисијата на истата која е СПАСЕНИЕТО НА ЧОВЕКОТ преку враќањето во првобитната состојба на заедничарење и тоа фејс ту фејс со Создателот- Троедичниот Бог, Отец Син и Свет Дух. Сето тоа неможе да се спореди со безличноста на кабалата касде се повикува секоја личност да си изнајде сопствен пат до некакво псевдоблаженство. Таа многуличност на патишта се заплеткуваат во милионите магиски методи каде човек не само си ја губи сопствената личност и се претопува во едно безлично НИШТАВИЛО (ајн соф) наспроти надградувањето на личноста преку самоознавање кое Православната Светоотечка Црква го нуди како терапија против разноразните човечки страсти кои го водат во состојба на болест, грешност, одвоеност од Бога. Затоа во најмала рака го сметам за погрешен, ако не и смешен твојот пост во врска со црквата која не ја познаваш, за разлика од кабалата која сум ја практикувал и познавам.