Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Како знае и умеат нека успеат да го доведат Саул. Нека платат клаузула колку и да му е, дечкото ќе прерасне во играчиште
 
По 100ти пат Рашфорд му го спасува газот на Ван Гал,незнам дали да се радувам или да плачам.
Филозофот и со пораз остануваше,само недај боже и наредната сезона.
 
Последно уредено:
Лингард кое дрвце е, особено кога треба да заврши акција. Депај до толку неможе да игра десно?
Фелаини изигра добар меч. На позиција цмф со двајца играчи кој знаат да задржат топка до него во средината против вакви копачки екипи може да биде многу корисен. Ама филозофот ке го игра следната со Шнајдерлин и Мата како против пул и пак Фелаини ќе биде најплукан дека не постои средината поради него.
Рашфорд и Марсијал се најсветлите точки оваа сезона. Новите Кол-Јорк.
И секако богот помеѓу стативите, за мене моментално број 1 во свет - ДАВИД ДЕ ГЕА. :cuc::cuc:
 
Епа вака,
господ да ги поживее Марсијал и Де Геа, би испаднале од лига ако не беа они сезонава.Секој збор е вишок.Големо браво за Фелаини, одигра одличен натпревар(не заради голот) и се движеше одлично беше опасен во нападот и одлично им ја неутралзираше средината како и воздушниште напади и прекини.Фосу-Менса е ѕвер, играчишите.До крај на сезона сакам да го видам во стартни 11, секоја чест за малиот колку интелегентно игра за годините секоја чест.
Капа доле за финишот на Рашфорд.:oleee:

Ерера играше добро истотака, разигруваше во напад бркаше и во одбрана, но може уште подобро.Имаше еден маестрален потег кај што исфрли 3-4 души, ако најде некој гиф нека го постира.Инаку Лингард кое дупе е, да сум ЛВГ само шут би го ставил да вежба, 2 чисти шанси зезна.Инаку добар беше и тој.Добра тактичка поставеност и одлично ги неутрализираа во секој поглед, освен на крајот.Баш во моменти кога треба да држат топка да губат време они играат долги топки и избиваат панично, што не ми се свиѓа.Во секој случај заслужена победа.

Наредна утакмица Вила на ОТ, мислам дека е редно да се одморат некои фаци ко Рохо(кој последниве две утакмици е послаб, нема одморено после повреда), Блинд,Керик,Рашфорд па можеби и Марсијал и Смолинг за да се зачуваат за побитни утакмици, бидејки Вила веќе се во втора лига не би требало да бидат проблем, башка има некои што треба да изиграат малце ко Депај на пример, Руни да набилда фитнес,Јанузај.

Отприлика вака имам замисла да искочат со Вила:
ДДГ
Дармиан-ФМенса-Џонс-Бротвик(се врати колку што знам)
Шнајдерлин
Ерера Фели
Јанузај/Лингард/Переира Депај
Руни
 
Вака така стигнавме до 1/2 финалето во купов. :D Мора да се искористи шансава, реално на хартија огроми фаворити сме за освојување, без разлика што сезонава сме непредвидливи и може да се посереме буквално против било кого.

Имаме 2 лесни меча на домашен терен до дуелот со Евертон. Се надевам ќе ги оскористиме да истемпираме форма и да се пласираме во финале, каде најверојатно ќе земеме конечно титула после 3 години и после Ферги. :) (да не го рачунаме Шилдот на Мојс) Само ЛШ искрено не очекувам да фатиме. :)
 
Ама како ме нанервираа играчите после примениот гол изгубена работа,и после Луис бил крив последните минути што се изгубиа.Ееее колку бодови изгубени со екипи ќори екипи како Норвич,Њукастл,Бурнмаут за нив демек Луис бил крив.Негова грешка беше само што сезонава не купи доволен број на играчи а огромен товар носат и играчите за ваква сезона.
 
Maле, Рашфорд чукање у ракља.

Фосу-Менса е страшен.
 
Ама како ме нанервираа играчите после примениот гол изгубена работа,и после Луис бил крив последните минути што се изгубиа.Ееее колку бодови изгубени со екипи ќори екипи како Норвич,Њукастл,Бурнмаут за нив демек Луис бил крив.Негова грешка беше само што сезонава не купи доволен број на играчи а огромен товар носат и играчите за ваква сезона.

"негово беше само" и набројувате што е проблемот. :)

Па не ви е тоа доволно бе?
 
Не верував дека во овој натревар Фелаини ке се разигра ептен бев песимист али ете ги исчукавме чеканите :D
 
Се повеќе и повеќе искачаат статии дека има некоја внатрешна power battle, House Woodward vs House Ferguson.
Старциве сакаат друга опција од Мурињо, Гигс или Покетино.

Со Мурињо дефинитивно ништо не е договорено според неговите изјави.
 
Се повеќе и повеќе искачаат статии дека има некоја внатрешна power battle, House Woodward vs House Ferguson.
Старциве сакаат друга опција од Мурињо, Гигс или Покетино.

Со Мурињо дефинитивно ништо не е договорено според неговите изјави.
Има и информации дека Мурињо се сложил да работи со младите играчи за да ја направи реалност толку посакуваната желба на фановите.
 
Покетино би бил добар избор за Гигс незнам да не испадне како Гери во Валенсија
 
Покетино би бил добар избор за Гигс незнам да не испадне како Гери во Валенсија
Не сум ич за Гигс да седне на тренерското столче,дефинитивно му треба 5-6 години самостоен тренер некаде да е па понатаму ќе се размислува за Јунајтед и јас се плашам ако ни биде тренер дека ќе заврши како Гери Невил или Мојс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom