Македонија добива банкноти од 200 и 2000 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
И сеа следно?
Задолжително нови ‘корита‘ во касите со место за 200-ка и 2000-ка? :icon_lol:

2000 е многу ишарана, 200 е интересна.

Ама визуелно најдобрите банкноти се нормално од најбогатите во Европа
vaka-kje-izgleda-novata-norveshka-kruna-182498.jpg

swiss_franc_notes.jpg
 
Слика од Смилковско езеро на која би имало и 25 метарски јарбол со големо џихадистичко знаме на брегот. Мотивот може да го наречат „неправедно осудени маченици“.
ВМРО го може ова!
Кажи им у месен комитет, има шанси да прифатат погоре, ако тоа им овозможи некое албанско раче повеќе при некое гласање у собрание.
 
ВМРО го може ова!
Кажи им у месен комитет, има шанси да прифатат погоре, ако тоа им овозможи некое албанско раче повеќе при некое гласање у собрание.
Би им кажал, ама мутави се. Примарна задача на месните (иако, правилно треба местни, ама неписмена вмровска работа) било да се грижат за територијата која им е под надлежност и такви ситни комунално-секојдневни работи. Висока политика не би требала да биде примарна тема на разговор и затоа ќе ме изигнорираат. :(

Ама има паметни луѓе таму, сигурно ќе заприметат дека народот ја обожава и сака уште од таа политика, а најбитно од се не му создава гнев, па ќе направат се за да опстојат во тој правец.
 
Би им кажал, ама мутави се. Примарна задача на месните (иако, правилно треба местни, ама неписмена вмровска работа) било да се грижат за територијата која им е под надлежност и такви ситни комунално-секојдневни работи. Висока политика не би требала да биде примарна тема на разговор и затоа ќе ме изигнорираат. :(
.
Да, а ја очекував дека ќе ме послушаш и ќе предложиш :(.
Добро знам што е нивната работа, а и за работата на општинските.
Месни се викаат одамна, по урнекот на изразот месна заедница, која нема врска со ВМРО.
 
Ако толку ти прави ќеиф, не е проблем. Ќе инсистирам и во записник да влезе ако треба. :D

Месни заедници е комуњарски рецидив, а се што е комуњарско треба да се уништи!
 
bank.jpg

banknoti.jpg

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп. На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената (Алаџа) џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век, се наведува во соопштението на НБРМ.

banknoti-1.jpg
bankoti2.jpg

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи. Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.
 
200 и 2000... ОК... нека се...
200 ми е лична :)
Него... се сеќавате на 5000? Во живо ја немам видено десет години, може и повеќе...
 
200 и 2000... ОК... нека се...
200 ми е лична :)
Него... се сеќавате на 5000? Во живо ја немам видено десет години, може и повеќе...
Прв пат во живо ја видов пред месец дена :icon_mrgr:
Стварно постоела :icon_mrgr:
 
5000 ката е одлична за чување .Голема вредност е и нема лесно да ја чепнете за помал трошок ,од друга страна изгледот и е одличен .
Во пракса многу повеке ке се употребува сега 2000 ката бидејки поголеми суми како на пример 35 000 треба да вадите ке ви даваат повеке во 2000 .5000 не ти ја дават ни кога ке ватите поголеми суми ,т.е во праксаа не постоеше .
 
200 и 2000... ОК... нека се...
200 ми е лична :)
Него... се сеќавате на 5000? Во живо ја немам видено десет години, може и повеќе...
Ги пуштија во промет новите банкноти? Уште не сум видела како изгледат, а секој ден пари ми минат низ рацете.
 
Ги пуштија во промет новите банкноти? Уште не сум видела како изгледат, а секој ден пари ми минат низ рацете.
Не... јас онака по сликите шо ги гледам.
 
Мoжнa ли е девaлвaцијa кoгa ќе ги пуштaт вo oпсег нoвиве?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom