Денешните мажи...

Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Него имам дома шут останато работевме по дома, да не сакаат да се пријават два-тројца вистински мажи за 500тина денари да го соберат со тамче?
Закоравен балкански шовинист низаеден!Како само смееше да ги прскокниш феминисткине со големо задоволство ќе ти го товареа тамчето!
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.388
Поени од реакции
13.354
Закоравен балкански шовинист низаеден!Како само смееше да ги прскокниш феминисткине со големо задоволство ќе ти го товареа тамчето!
Nitu edna ne se javi da se pobuni :/
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
139 IQ. Измерено, ама секако е невалидно. :D
Кул. Мојот е 142.

Мислам дека и двајцата докажуваме дека IQ тестовиве се pure shit. Така да дај олабавете ја дискусијата од ова, крајно небитно е, особено за полови разлики и/или сличности.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Кул. Мојот е 142.

Мислам дека и двајцата докажуваме дека IQ тестовиве се pure shit. Така да дај олабавете ја дискусијата од ова, крајно небитно е, особено за полови разлики и/или сличности.
Не, еден од нас двајцата го покажува тоа, ама не сум јас. :D
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не, еден од нас двајцата го покажува тоа, ама не сум јас. :D
Да те поправам, реков докажува, а не покажува. Со оглед на тоа дека тестот треба да претставува некој си стандард распределен подеднакво секаде, не може за едни да важи како точен и валиден а за други не. Ова покажува дека некој може лесно да скорне високи резултати без проблем, без разлика на нивото на интелигенција, или дека еден од нас има повисоко мислење за себе си одошто реално заслужува, а тоа не сум јас, докажано од претходниот пост што си го цитирал (и остава простор некој да го фолнта IQ тестот наоколу како вредносна мерка и да се крева себе си на пиедестал). Како и да гледаш на ситуацијата, кое и е да е од двете објасненија пореално, не говори позитивно за IQ тестовите, и не треба да се третираат како мерна единица кој е попаметен или кој има поголем. Последново се прави во живо, негде во позатскриено, поинтимно опкружение и се докажува.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Како и да гледаш на ситуацијата, кое и е да е од двете објасненија пореално, не говори позитивно за IQ тестовите, и не треба да се третираат како мерна единица кој е попаметен или кој има поголем. Последново се прави во живо, негде во позатскриено, поинтимно опкружение и се докажува.
Тебе едно две, само во тоа што се покажува во поинтимна атмосфера ти е умот. :icon_lol:
 
D

Daedalus

Гостин
Ја викам дека Шкорпи е посоодветен да процени дали Ставро е паметен според Данинг-Кругеровиот ефект. Попаметни луѓе, подобро проценуваат интелигенција на поглупи и честопати веруваат дека се помалку компетентни од тоа што се. Од друга страна, глупите луѓе, веруваат дека се многу попаметни отколку што се и не се способни да увидат дека се глупи. А Шкорпи го јаде Ставро за 3-4 таму!
Глупо е човек да се фали со IQ, ко сеа да зеам и да им кажувам на луѓе дека имам 145 IQ!
Невкусно е во најмала рака. Луѓето мора да се реалистични, скромни и фокусирани на дискусијата во дебата.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Глупо е човек да се фали со IQ, ко сеа да зеам и да им кажувам на луѓе дека имам 145 IQ!
Невкусно е во најмала рака. Луѓето мора да се реалистични, скромни и фокусирани на дискусијата во дебата.
Така е. Три пати Ура за Дедалус. Ура! Ура! Ура!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
колку е глупо сред расправија, на кајгана, да се пофалиш колкаво IQ имаш! :X3:
Боже колку треба да си глуп за тоа. :D
Треба да правиш разлика помеќу констатирање факти и фалење. ;)[DOUBLEPOST=1459791262][/DOUBLEPOST]
Samo jas si go nemam mereno :(
Ене ти го Шкорпи, може да си го мерите.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ха!

Жените (а богами и некои мажи, незнам зошто) IQ то го мерат во cm.

Ботови.
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
530
Поени од реакции
1.096
Како бе која црна контрола?
Дали кога решаваат IQ тестови, имаат начин како може да елиминираат анксиозност, едукација и 3000000000000000 други фактори кои можат да влијаат на тоа како ќе го реши некој тестот? Што ако одредена група на луѓе е поанксиозна кога решава прашања кои бараат повеќе труд, а времето како фактор влијае на нивниот резултат? Што ако жени/мажи не можат да размислуваат добро под притисок и тоа е поврзано со нивниот пол, а не колку се интелигентни? Што ако Ојле прочитал што е фибоначи секвенца пред 5 години, а Дојле не и кога решава проблеми со низи ја препознава, а Дојле не ја познае? Што ако на тоа место, луѓето како Ојле имаат боље едукација од луѓето ко Дојле поради х фактори и шансата да знаат да решаваат низи е поголема? Нема никаква елиминација на мал милион фактори кои влијаат на тоа зошто тие што го решиле тестот имале у просек таков и таков резултат, а да не е поврзано директно со нивниот пол и генетските фактори поврзани со полот.
Треба да си комплетно нерационален или да тролаш за да сереш психолози поради нивната методологија на тестирање која е климава, а да даваш дијаграми направени од психолошки тестови како валидна научна евиденција.
Можда треба да ми пушташ и астролошки тестови за да ми докажеш поента ко што си тргнал.

http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0160289605000851

https://www.researchgate.net/publication/222660770_Sex_differences_in_latent_cognitive_abilities_ages_6_to_59_Evidence_from_the_Woodcock-Johnson_III_tests_of_cognitive_abilities

https://www.researchgate.net/publication/222433803_Sex_differences_in_latent_general_and_broad_cognitive_abilities_for_children_and_youth_Evidence_from_higher-order_MG-MACS_and_MIMIC_models

https://www.researchgate.net/publication/272240824_Gender_differences_in_achievement_in_a_large_nationally_representative_sample_of_children_and_adolescents

https://www.researchgate.net/publication/23967175_How_do_Educational_Attainment_and_Gender_Relate_to_Fluid_Intelligence_Crystallized_Intelligence_and_Academic_Skills_at_Ages_22-90_Years
https://www.researchgate.net/publication/222990033_Johnson_W_Bouchard_T_J_Sex_differences_in_mental_abilities_g_masks_the_dimensions_on_which_they_lie_Intelligence_35_23-39

Жени се попаметни за едни ствари у просек, а машки за други. Жени боље процесираат ствари, вербално се посупериорни, а машки у просек се боље за ориентација у простор и визуелизација.
И тоа се мали разлики у просекот со што многу жени можат да визуелизираат подобро од мажи, а многу мажи се вербално боље од други жени. Околу научното резонирање и математичките способности, нема никакви статистички разлики кои се релевантни. И сево ова е многу лош начин за испитување на полови разлики поврзани со интелект (читај погоре).
Со еден збор, треба да прекинеш да симплифицираш.
просекот на ај кјуто е потполно небитен, и донекаде дури и има смисол дека жените се во просек поинтелигетни. она што е битно е застапеноста на крајниот десен екстрем на дистрибуцијата.
кога мериш една едиснтвена варијабле, и правиш разлика само по еден фактор, кој е генетски, кој идеално ти ја дели популацијата на 50/50 невозможно е да правиш контроли дали тангата ги жуља жените повеќе од боксерици, па не се ефективни како мажите на тестот. со доволен број тестирани учесници, разликите и буката ќе се анулираат, и ќе останеш само на варијаблата мажи/жени. и тука е јасно: мажите се многу позастапени на екстремите на дистрибуцијата. врвот најинтелигентни луѓе секогаш ќе биде во огромна мерка машки:
http://science.sciencemag.org/content/269/5220/41.long
Except in tests of reading comprehension, perceptual speed, and associative memory, males typically outnumber females substantially among high-scoring individuals.

дека е ова така, очеглено е и на другата страна од дистрибуцијата; значително повеќе ретарди има помеѓу мажите отколку помеѓу жените.
http://science.sciencemag.org/content/269/5220/41.long
Almost all studies report that the prevalence of mental retardation is higher among males than females, especially among children less than 15 years of age.

И све ова има одлична еволутивна основа зошто е тоа така.[DOUBLEPOST=1459806356][/DOUBLEPOST]
Кул. Мојот е 142.

Мислам дека и двајцата докажуваме дека IQ тестовиве се pure shit. Така да дај олабавете ја дискусијата од ова, крајно небитно е, особено за полови разлики и/или сличности.
да не те лаже никој. особено паметно звучиш.
 
D

Daedalus

Гостин
просекот на ај кјуто е потполно небитен, и донекаде дури и има смисол дека жените се во просек поинтелигетни. она што е битно е застапеноста на крајниот десен екстрем на дистрибуцијата.
кога мериш една едиснтвена варијабле, и правиш разлика само по еден фактор, кој е генетски, кој идеално ти ја дели популацијата на 50/50 невозможно е да правиш контроли дали тангата ги жуља жените повеќе од боксерици, па не се ефективни како мажите на тестот. со доволен број тестирани учесници, разликите и буката ќе се анулираат, и ќе останеш само на варијаблата мажи/жени. и тука е јасно: мажите се многу позастапени на екстремите на дистрибуцијата. врвот најинтелигентни луѓе секогаш ќе биде во огромна мерка машки:
http://science.sciencemag.org/content/269/5220/41.long
Except in tests of reading comprehension, perceptual speed, and associative memory, males typically outnumber females substantially among high-scoring individuals.

дека е ова така, очеглено е и на другата страна од дистрибуцијата; значително повеќе ретарди има помеѓу мажите отколку помеѓу жените.
http://science.sciencemag.org/content/269/5220/41.long
Almost all studies report that the prevalence of mental retardation is higher among males than females, especially among children less than 15 years of age.

И све ова има одлична еволутивна основа зошто е тоа така.[DOUBLEPOST=1459806356][/DOUBLEPOST]
да не те лаже никој. особено паметно звучиш.
Ги прочитав повеќето студии и тоа што пишуваш е точно. Мојата аргументација останува на овие искази.

-Ова не го решава проблемот со „интелигенција“ како емергентен феномен кој ако постои, не е дефиниран. Ако постојат параметри кои не се земени предвид, а може да бидат компоненти кои ја сочинуваат интелигенцијата, тие може да ја сменат дистрибуцијата на дијаграмот откако би биле вклучени во тестовите. Другата варијанта е елиминативен материјализам и негирање на интелигенција како постоечка појава, а тестирањето на различни перформанси да биде специјализирано и од случај до случај.

-Дистрибуцијата на дијаграмот е валидна за вештините кои се тестираат со што, машките покажуваат поголема застапеност на екстремите за конкретните вештини кои се тестирани од женските. Ради кокошка/јајце проблемот, не можеме да знаеме како факторот на едукација игра улога во случајов (геометриски, вербални и нумерички проблеми) и дали е поврзан со половите. Дали припадник на одреден пол бира тип на едукација што одговара на неговиот афинитет или едукацијата која е општествено наметната, доведува до тоа, женските/машките почесто да имаат такви или онакви афинитети или и двете со различен удел во крајниот резултат кој не мора да е подеднаков (што е најголемата веројатност). Општеството само по себе е составено од различна пропорција на машки и женски што пак влага у природа/околина кругот и кој/како ги диктира динамиците и ја има општествената моќ во различни култури.
Ова нема врска со IQ екстремите. У принцип, гение машко у математика е почест од гение женско во математика, со релативно исти мотивации и околински фактори битни за да одберат математика исто како што ретард машко за математика, е почеста појава од ретард женско за математика.

-Професиите кои во просек се окупирани од луѓе со IQ повисоко од 120, се доктори на науки/магистри, физика/хемија/природни науки, математика и сл. И во просек, има повеќе машки отколку женски што е логично ако се земе дијаграмот на дистрибуција така што, моменталната ситуација е таква, што останува да видиме е зошто е таква.
Ја не ја негирам можноста, полот инхерентно да игра некоја улога, само ги поставувам сите можни алтернативи.




-Дури и да има гени поврзани со полот и интелигенцијата, во знак прашање е можноста за подобрување на вештините потребни за решавање на овие тестови и разликите во Gf и Gc како и некои показатели дека работната меморија игра улога во способноста за процесирање проблеми. Со тоа, одредени фактори може да бидат променливи и ако одредени гени кои се карактеристични за половите играат улога во ова, а се променливи од околината, тогаш може да се јави потреба од иницирање на околински промени кои можат да доведат до промени на генетската експресија. Порастот на женски кои покажуваат подобри математички вештини, критичко размислување и зголемен интерес за инженерство и природните науки со годините, може да покажува контрибуција на некои околински фактори како едукација и култура.
Поради тоа, треба на пример да се изолираат жени со екстремно високо IQ и да се споредуваат со други жени и мажи кои имаат високо IQ за да се откријат генетските компоненти кои играат улога во појава на превисоко IQ и да се дознае зошто во просек, постојат многу повеќе машки со IQ > 120 отколку женски и дали гените одговорни за тоа се поврзани со полот или не, колку гени се одговорни за тоа и колку од тие се поврзани со полот, дали се непроменливи од околината или се променливи, дали може да се постигне активност на невроните по друг пат без притоа да се промени генетската експресија и до кој степен тие гени контрибуираат во појавата на луѓе со IQ > 120.
-Има студии кои покажуваат дека интересот за математика и наука повеќе се должи на околински фактори (кога го кажуем ова, подразбирам дека овие цело време интерактуваат со неврони и ја мењаат експресијата на гените така да не ја исклучувам генетиката), а тие фактори може да бидат контролирани.

-IQ то расте со секоја генерација во просек за двата пола што покажува дека стимулите од околината играат огромна улога како и ред други фактори што сепак, не значи дека ќе го намали јазот помеѓу број машки со IQ > 120 и број на женски со IQ > 120.

Поради проблеми од ваков карактер, потребно е посолидно тело од докази кои се невронаучни и генетски, со што ќе се донесат посоодветни заклучоци.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom