Случај #тортура (од правна гледна точка)

  • Креатор на темата Креатор на темата Curious
  • Време на започнување Време на започнување

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.653
Поени од реакции
1.899
Чисто од правна гледна точка дали мислите дека има основа за гонење.
Казнено не ми е специјалност и сигурен сум дека на форумов има подобри правници од мене па кажете го вашето мислење.

Ако алфите се тие што се осомничени заедно со СМ, СМ го сомничат дека тој ги навел (мислам дека баш така пишува во КЗ) ама тој нема право да им команда така?
На пример, ако шефот на ЦИА им рече на SWAT team правете waterboarding сигурно нема тој да одговара за тортура зашто тие не би смееле да примаат наредби од него.
 
И да смееле да примаат наредби, не смееле да вршат кривично дело, односно требало да одбијат. Одговорноста е само нивна.
 
Мене муабетот ми беше за СМ, за Алфите нема муабет.

И да не се разбереме погрешно, некој ќе помисли дека го бранам режимот, СМ треба да си оди во затвор за сите криминали ама дали за ова има правен основ.
 
Јас го кажав своето мислење. СМ можел да нареди и да го убијат. Тоа се овластени лица, разликуваат што е криминал и треба да знаат што смеат што не смеат. Не смеат да бидат наведувани на кривично дело
 
СМ нема овластувања да дава лично он налог за апсење.Може да побара од тој што треба да даде.

Алфа и да го пцуеле или мавале или бутале пиштол у уста,ќе треба тоа да се докаже на суд за да одговараат.

на крајот од денот,зашто не покренат постапка за еден куп Македонски навивачи тепани и малтретирани,осудувани со монтирани случаеви ? што е поразличен Љубе од нив ?

со ова само докажуваат дека не работат на тоа СИТЕ ДА СЕ ЕДНАКВИ,ЕДНАКВИ ПРАВА,ДЕМОКРАТИЈА,СЛОБОДА,туку се уште едно гомно во целиов наш политички,а и секаков друг свет.
 
Затоа што ова обвинителство е специјално формирано само за случаи кои се поврзани и кои произлегуваат од нелегалното прислушкување, како што е овој случај, на пример.
 
колкави се казните за ова дело? Мене ми се чини дека нема да поминат многу лошо, односно никој нема да оди во затвор, ќе платат казни, а во најлош случај би биле отпуштени од работа.
 
Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување
Член 142​
(1) Тој што во вршењето на службата, како и тој што наведен од службено лице или врз основа на негова согласност, ќе употреби сила, закана иди друго недопуштено средство или недопуштен начин со намера да изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведокот, вештакот или друго лице, или ќе предизвика кај друг тешко телесно или 59 душевно страдање за да го казни за кривично дело што го сторило или за што е осомничен тој или друго лице, или за да го заплаши или да го присили на откажување од некое негово право, или ќе предизвика такво страдање поради каков било облик на дискриминација, ќе се казни со затвор од три до осум години.
(2) Ако поради делото од став 1 настапи тешка телесна повреда или други особено тешки последици за оштетениот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. Малтретирање во вршење на службата
Член 143​
Тој што во вршењето на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години.
 
Последно уредено:
Мене муабетот ми беше за СМ, за Алфите нема муабет.

И да не се разбереме погрешно, некој ќе помисли дека го бранам режимот, СМ треба да си оди во затвор за сите криминали ама дали за ова има правен основ.

Фатиме Фетаи - Том Круз
Сашо Мијалков - Џек Николсон

Ако го немаш гледано филмот, ти го препорачувам :)

За се треба да се обезбедат докази, па и за ова дело. Се ли ќе се докажува со сведоци? Мене така ми мириса. Ама ако за сите постапки така биде.. многу брзо ќе почнат дебели сомнежи за СЈО.
А нели Љубе и Џанго потпишале дека немало физичко малтретирање при апсењето. Така некако.
 
Дали ова на нас шо ни го прават опозицијава и странскиве копуци може да се оквалификува со тортура ?
 
За се треба да се обезбедат докази, па и за ова дело. Се ли ќе се докажува со сведоци? Мене така ми мириса. Ама ако за сите постапки така биде.. многу брзо ќе почнат дебели сомнежи за СЈО.
А нели Љубе и Џанго потпишале дека немало физичко малтретирање при апсењето. Така некако.
А ти не би потпишал ? Во такви услови ?
 
За се треба да се обезбедат докази, па и за ова дело. Се ли ќе се докажува со сведоци? Мене така ми мириса. Ама ако за сите постапки така биде.. многу брзо ќе почнат дебели сомнежи за СЈО.
А нели Љубе и Џанго потпишале дека немало физичко малтретирање при апсењето. Така некако.

Ќе каже дека под присила го натерале да потпише (што е многу веројатно) па ќе им направи проблем плус
 
Чекајте, па нели има снимка, онаа што излезе по сите медиуми проопозициски.
 
За се треба да се обезбедат докази, па и за ова дело. Се ли ќе се докажува со сведоци? Мене така ми мириса. Ама ако за сите постапки така биде.. многу брзо ќе почнат дебели сомнежи за СЈО.
А нели Љубе и Џанго потпишале дека немало физичко малтретирање при апсењето. Така некако.
Потпишале затоа што сакале, нели? :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom