Денешните мажи...

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
Супер, све е ова прекрасно и тачно. Сеа излези надвор и кажи му го ова на Ерџан и собери си ги забите од тротоар.
И колку пати реално во животот ќе се случи такво сценарио?
Постојат луѓе кои тренираат карате по 15 години и ниеднаш не се нашле во ситуација која ќе ескалира во тепачка, прашање е ако дојде до такво нешто колку има реална вредност каратето, ова само како пример на залудно трошење време на тренирање карате.

Интересно колку филмовите влијаат на луѓето, како да на секој чекор се случуваат тепачки а нема врска.

-----------------

За менување гума тоа треба да се знае, се учи за пет минути и глупо е човек да дреме покрај пат шест часа кога може за 10 минути да продолжи со патот, нема врска дали е некој интелектуалец или физикалец.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
Малку е депласирано да се зборува за вредности кои би се дефинирале како ``машки`` во Македонија каде што половина популација е зафатена со фелацио во партиски штабови за да преживее со 10.000 денари, реалноста е грда. Многу грда.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Да де. И тоа зависи повеќе од пресметливост отколку од pure balls.
На 99% од луѓето иако пресметката им вика дека мора да направат нешто, не го прават од страв. И за тоа наоѓаат разни изговори. Мислам дека цело време се зборуваше за таква храброст. Другата е глупа и забавна, ама ништо посебно сериозна.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
А ова е само еден пример на монументална глупост.
Воопшто не е глупост од гледна точка на самоодбрана е смешно да се трошат години на тренирање во очекување на настан кој можеби и нема да се случи, и ако се случи дали воопшто ќе биде од корист, од гледна точка на физичка активност веројатно би имало корист од организирано тренирање ама тоа не е причина зошто се запишуваат луѓе на карате, повеќе е поради филмови на платно и филмови во глава.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Каратето е начин на живот. Да вежбаш карате значи да живееш одредена животна филозофија. Блага врска нема со тепање по улици.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.836
Поени од реакции
5.954
Не можам да разберам од кога основни работи како менување на гума на кола(посебно шофер), кревање вреќа со компири/цемент или качување шпорет на трети е израз на физичка супериорност.
Па ова треба да може да го направи секој нормален и здрав маж и за истото не му е потребно вежбање во теретана и бенчови.
Што сте вие бе? Мекотели? Неспосони?
Ќе викнел он шлеп служба за менување на гума. :facepalm:
Чекај ја 2 саати во некоја недојдија додека дојде. Жена(ска) ти нека се сонча/мрзне за тоа време. Битно ти си покажал интелект и супериорност со тоа што можеш да платиш. :bravobe:

Не можеш вреќа со цемент да кренеш? Или ќе ти се уништат меките одржувани рачиња со триста помади на нив ако ја кренеш?Па не ти треба за тоа некоја посебна сила. 50 килограми е. Невестата утре како преку праг ќе ја внесеш во домот? Или и за тоа ќе платиш некому да ти ја внесе? ;)
И сијалица да не ви е тешко да смените? :toe:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
Каратето е начин на живот. Да вежбаш карате значи да живееш одредена животна филозофија. Блага врска нема со тепање по улици.
Да во теорија би можело да биде тоа, во пракса нема врска од тоа.
Во реалноста да вежбаш карате нема никаква допирна точка со живеење одредена филозофија, што и да побразбираме под тоа. Дечишта кои се запишуваат на карате сигурно во предвид ги имаат традиционалните кодекси од далечната Јапонија, нема грешка.
 
G

Goldie

Гостин
Не возам кола. И да замислам дека ми се случува ваква ситуација, тоа значи дека ме вози некој што знае да управува со возило и кој веројатно е дека ќе знае да ја смени гумата.
Дури и да не знае, не е страшно. Затоа и постојат професиите кои ги наброја.

Замисли следново. Имаш фирма и сакаш да направиш веб сајт на истата. Наместо да дадеш 2000 евра на некој да ти направи, за десет минути ќе си направел самиот.
Детето твое прави тест математика утре. Наместо сам да му покажеш, ќе дадеш 500 денари да го спреми некој на кого тоа му е професија.
Замисли па следново. Имаш фудбалски клуб, наместо да го донесеш Меси да игра за милион евра месечно, си можел самиот да истренираш да играш фудбал и ти да бидеш Меси во екипата.

Затоа постојат различни професии бе друже, не постои работа што треба да знам да ја извршам САМО ЗАТОА ШТО СУМ машко.
Убаво кажа некој претходно, истото можеме да го кажеме и за припадничките на понежниот пол. Една пита не се знаело да се замеси :icon_mrgr::kuracc:
Нели забрането е цитирање во темава или дозволено е само за модератори ?Нејсе друго ми беше мене поентата а ти почна да споредуваш сосем трети работи, менувач на гуми како професија не постои а веб дизајнер постои. Сосема се различни работите во секој аспект, и тежина и се не е до толку лесно да научиш да правиш добар сајт за разлика од менување гуми што може да научи секој што има желба, и не реков дека мора да научиш само поради тоа што си маж напротив сметам дека и секоја жена што вози кола или има желба да вози треба да научи.

Ова не требало она не требало затоа се јавуваат се позакржлавени лимитирани генерации. Пред некое време имав и случка каде што дечко на мој години возел велосипед и му се заглавил ланецот и пази не ни пробува да го одглави туку ќе се јавува дома да го земеле со кола ? Нормално му го одглавив со 1 минута работа ама чисто сумњам дека гледаше и да научи за следен пат да знае..

@callejón de la muerte
И ништо од каратето да не му помогне при физичка пресметка доволно е што ја развива психата со таква физичка активност, сто пати подобро отколку само да дреме пред пц.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Да во теорија би можело да биде тоа, во пракса нема врска од тоа.
Во реалноста да вежбаш карате нема никаква допирна точка со живеење одредена филозофија, што и да побразбираме под тоа. Дечишта кои се запишуваат на карате сигурно во предвид ги имаат традиционалните кодекси од далечната Јапонија, нема грешка.
Дечиштата шти се запишуваат да тренираат карате заради изгледан филм, многу бргу се откажуваат од тоа. Ти зборуваше за некој кој една деценија вежбал карате, и за него кажа дека си го губел времето, што да повторам уште еднаш, е поприлично голема глупост.
 
C

Castiel

Гостин
Не можам да разберам од кога основни работи како менување на гума на кола(посебно шофер), кревање вреќа со компири/цемент или качување шпорет на трети е израз на физичка супериорност.
Па ова треба да може да го направи секој нормален и здрав маж и за истото не му е потребно вежбање во теретана и бенчови.
Што сте вие бе? Мекотели? Неспосони?
Ќе викнел он шлеп служба за менување на гума. :facepalm:
Чекај ја 2 саати во некоја недојдија додека дојде. Жена(ска) ти нека се сонча/мрзне за тоа време. Битно ти си покажал интелект и супериорност со тоа што можеш да платиш. :bravobe:

Не можеш вреќа со цемент да кренеш? Или ќе ти се уништат меките одржувани рачиња со триста помади на нив ако ја кренеш?Па не ти треба за тоа некоја посебна сила. 50 килограми е. Невестата утре како преку праг ќе ја внесеш во домот? Или и за тоа ќе платиш некому да ти ја внесе? ;)
И сијалица да не ви е тешко да смените? :toe:
Ako невестата е +90-100 кила? Секако дека нема да можат 90% од мажите да ја внесат преку праг. По твојава логика таквите жени никогаш не треба невести да бидат. :toe:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја иам еден братучед што носи бордо пантоланчиња, мокасини на боса нога, такви кошулчиња, палтенца, цвикери, коса залижана, ташна коа иде на факултет.
А у слободно време му помага на татко му у ауто-механичарскиот сервис што го имаат односно лепи браници со смола.

:unsure::cautious: И сеа?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
Дечиштата шти се запишуваат да тренираат карате заради изгледан филм, многу бргу се откажуваат од тоа. Ти зборуваше за некој кој една деценија вежбал карате, и за него кажа дека си го губел времето, што да повторам уште еднаш, е поприлично голема глупост.
Не, пак промашуваш, јас зборував за некој кој вежбал долго време карате во контекст на самоодбрана, тоа е губење време, а тоа со каратето како филозофија на живеење не е предмет на дискусија, секако дека ако некој тренира со таква цел тогаш е друга ситуација.

Затоа не се вади една реченица од контекст во цитирање со цел да се укаже на наводна ``монументална`` глупост, дебилно е.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Не, пак промашуваш, јас зборував за некој кој вежбал долго време карате во контекст на самоодбрана, тоа е губење време, а тоа со каратето како филозофија на живеење не е предмет на дискусија, секако дека ако некој тренира со таква цел тогаш е друга ситуација.

Затоа не се вади една реченица од контекст во цитирање со цел да се укаже на наводна ``монументална`` глупост, дебилно е.
Не, дебилно е твоето ретерирање. Поентата е што никој не останува во каратето повеќе од една деценија само за да се одбрани од евентуален напад. Тоа да го тврдиш значи дека немаш поим што каратето значи.

Ти се повикуваш на непостоечки ентитет за да ја потенцираш нелогичноста на неговото постоење. Тоа е елементарна логичка грешка.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
На 99% од луѓето иако пресметката им вика дека мора да направат нешто, не го прават од страв. И за тоа наоѓаат разни изговори. Мислам дека цело време се зборуваше за таква храброст. Другата е глупа и забавна, ама ништо посебно сериозна.
Е сеа прашањето е кои се тие работи, шо мора да ги напраиш, и ако ги напраиш си вистински маж?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom