Не сум ти ја видел таа порака, сега проверував, си пратил после неа некоја сликичка што си ја правел ти, таа сум ја видел и не сум се вратил погоре.... не е игнорирано ништо.
За останатово, упорно и безнадежно си заглавен во сопствената суета и тврдоглавост. Ти објаснив зошто во предходниот твој пост, но тебе не ти до одговор, тебе ти е повредена твојата суета и сега нели мора да нападнеш....а кутриот го немаш оружјето што ти треба за тој "напад" - разбирањето. Тоа што ти го нарекуваш поделеност е она што е потребно за практичарот да направи дистинкција помеѓу суштината и формата. Ако некому помага целибат, тогаш ќе си го практикува, лично имам разговарано со еден брат кој ми има кажано дека кај него има подобри резултати кога одреден период апстинира од секс. Но! Зајакот лежи во тоа да сватиш дека ако важи за него, незначи дека ќе важи за сите.
Одлично штом знаеш! Незнам само каква врска имаат симболите што ги вмеша во муабетов... Но да се вратиме на поентата, штом знаеш, кажи ми тоа што те прашав, зошто ортодоксниот кабалист ја смета херметичката кабала за погрешна? Што е суштинатана што формата во случајот? Кој е поблиску до догма? И како паралела со јогата, дали треба да заклучиме дека херметичката кабала е погрешна, затоа што догматските еврејски кабалисти одлучиле дека нејзината форма е побитна од нејзината суштина?
Суетата не е нешто лошо, освен ако наместо да ти служи тебе, ти почнеш да и служиш на неа....нешто како твојов случај. Ама млад си, има надеж
Можеби ќе го разбереш тоа.