Најбитното нешто во една врска

  • Креатор на темата Креатор на темата CuCeNcE
  • Време на започнување Време на започнување
Да си олабавен и да не реагираш на љубомора и такви работи иначе ојде коњо у реката. Седи си кроти си олабави се не ставај се на срце! :D
 
1. Дoверба
2. Разбирање
3. Почит
4. Секс
 
И најбитното - ЉУБОВ!!!

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Пак ќе кажам, да си олабавен. Да се спротиставиш на љубомората, на сите комплекси, преку искуство тоа го сфатив и по среќен сум, после секој потежок период. И сакајте се, ништо не може да го победи тоа. Ама баш ништо! :cool:
 
Заљубените да немет СПБ,другото не е толку битно.
 
Не е битна ни љубовта, ни довербата, ни искреноста, ни почитта, ни разбирањето, ни парите, ниту сексот, зошто нема врска во која една од овие, еден период не фалела, а сепак, врската продолжила да функционира.
Според мене, најбитно во една врска е взаемната желба врската да се одржи.
Сум видела парови што се сакаат премногу, ама не можат да се разберат.
Сум видела парови што имаат пари, ама немаат доверба.
Сум видела парови што имаат почит, ама немаат искреност.
За секс, не можам да кажам дека сум видела парови, ама ми кажувале, дека имаат редовен, супер секс, ама немаат љубов.

Зошто би го толерирале отсуството на било кое од овие? Зошто некој пар би останал во врска без доверба, без љубов, без искреност, без разбирање?
Мислам дека одговорот е баш во тоа, пошто сакаат да ја одржат врската.
Причината за одржување на врската може да е разноразна. Ама факт е дека и двајцата сакаат таквата врска која ја имаат да опстане. И сакаат со тек на време истата таа врска да ја усовршат, што е можно повеќе.
Кога желбата да одржиш врска со некој ќе умре, тогаш ќе умре и желбата да ја усовршуваш истата врска и тогаш ќе умре и самата врска.
 
Не е битна ни љубовта, ни довербата, ни искреноста, ни почитта, ни разбирањето, ни парите, ниту сексот, зошто нема врска во која една од овие, еден период не фалела, а сепак, врската продолжила да функционира.
еве кој ќе остане стара мома немажена цел живот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom