Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Маринирано свинско филе, 24 часа стоено со пиво, сол, бибер, зејтин и ловоров лист. Кратко пропржено на сува тава и динстано 3 часа на тивко со чаша вода и маринадата.

image.jpeg

Лепеза компирите уште некоја минута во фурна. Со путер, лук, свежи рузмарин, босилок и оригано.

image.jpeg
(Лоша слика заради пареата)

И гриловани шампињони на путер и бело вино. Прелиени со маслиново, балсамико, лук и магдонос.

image.jpeg
 
20160308_145117.jpgНе е од мене правена,купена е но ваква пастрмајлија би јадел секој ден ..
 
@faraon ептен си ја утнал темата. Најди ја онаа што ви се јаде во моментот, мислам во играчница е, не можам таму да ти го префрлам мислењето.

ГотвиТе е овде.

Јас лења пита со тон цимет, само што отиде во фурна.[DOUBLEPOST=1457454606][/DOUBLEPOST]Ете ја:

image.jpeg
 
Последно уредено:
IMG_3531.JPG IMG_3534.JPG IMG_3540.JPG Кесадиљи со многу кравји кашкавал, внатре со црвен грав и кромид зготвени и зачинети со ким, куркума, сол, бибер, маслиново, мајчина душица. За сос, малку павлака и салса од патлиџан, кромид, магдонос, сол, бибер, лимон, маслиново.

А покрај тоа и една мексиканска салата, со сечено на линитици марула, крставица, потпечени 2 тортиљи (што ми останаа од кесадиљите), авокадо на коцкички, а дресинг од авокадо, сок од лимон, сол, бибер, магдонос, маслиново, вода (за да биде потечно), сето тоа изблендирано.
 
Последно уредено:
@Agda Beata да од таму е, али ова е кај еден пријател дома мала ракија мезе седенка.

Ја за малку ќе те крититикував што постираш многу политичко-коректни јадења: се нешто вегетаријанско, салатки, чуда, ама кога ја видов ракијата знаев дека не си застранил, на прав пат си. :)
 
Ја за малку ќе те крититикував што постираш многу политичко-коректни јадења: се нешто вегетаријанско, салатки, чуда, ама кога ја видов ракијата знаев дека не си застранил, на прав пат си. :)

Па имав период само на салати чуда кога бев, сеа само избегавам месо и бели пецива (бело брашно) . Али без ракија кај се видело да се седи на маса, не е тоа салатата не ја бива така. Сепак зеленчукот на прво место вегетаријански работи, а и рибата се поштова многу, посебно морска ако е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom