- Член од
- 5 јуни 2015
- Мислења
- 696
- Поени од реакции
- 445
Прв обид ми беше ова за во МВР. Имав отворено тема за тоа како е вработена личност во ЕЛЕМ иако нема факултет завршено, дека личноста е роднина на загинат во Смилковско езеро, сум немал шанси на тој конкурс.колку обиди ?
Моментално пред неколку дена бев на интервју за работа во една државна институција но немам очекувања од тоа интервју од причина што интервјуто не траеше ниту 5 минути, само кусо ме прашаа за моето високо образование, јазици познавање, иако тоа го имаат се во документите со кои аплицирав.
Иако позитивно е што напамет знаеја колкав ми е просекот на факултет барем ми ги читале претходно документите од факултет.[DOUBLEPOST=1449305006][/DOUBLEPOST]Инаку да, ако некој има човек од партија што може да го прогура тој може да се вработи. Нема врска со приказните од типот требало да се биде член повеќе години во партија.
Знам лик што се вработи во државна администрација, а ликот на неколку последни избори гласаше за опозицијата, и активно ја плукаше власта, дури на фејсбук се до неодамна имаше лајкови ставано за политичари и опозициската партија а сега ги повлече тие лајкови.
Но велам типот нашол врски, татко му и некои негови роднини со децении работат во секакви државни установи уште од времето на социјалистичка Југославија, ете иако тие луѓе повеќе ја преферираат опозицијата отколку власта, се вработуваат во државни установи кога знаат да најдат врски.
Така да со вистинска врска може да се дојде до работа.
Типот иако никогаш ниту гласал за ВМРО ДПМНЕ ниту одел на нивни митинзи, дури и гласал за СДСМ пак се вработил, а колку само луѓе што овие последни години лепеле плакати за власта и оделе на митинзи и обезбедувале гласови пак останале со куси ракави.
Јас не сум одел на митинзи ниту сум лепел плакати а како им е на луѓето што се извисени самите си знаат.
Последно уредено: