Не сваќам зошто некои го жалат Ѓулен... Ѓулен и демократија се два спротивни света! Ѓулен и Ердоган ги спојува омразата кон секуларизмот и ќемализмот (про-ататурк движењето). Откако дојде на власт Ердоган, со помош на медиумите на Ѓулен, тие двајца договорија поделба на власта. Ѓулен ги превзеде министерството за правда и полицијата, под негова контрола, а останатите министерства и ресори му ги остави на Ердоган. Исто така и доскорешниот претседател на Турција, Абдула Ѓул е дел од движењето на Хизмет т.е. ѓуленист. Но неговата политичка кариера заврши откако пукна тиквата помеѓу Ѓулен и Ердоган. Како почна судирот...
Во 2010 г. Ердоган го враќа долгот кон ММФ по цели 60 години зависност на Турција од оваа монетарна организација, па тоа значеше црвен аларм за САД која ја контролира ММФ. Обидот на НАТО да изврши „Гладио операција“, не можеше да успее, а не можеше да успее ни воен пуч бидејќи Ердоган со случајот „Ергенекон“ ја стави под своја контрола и армијата. Па така, западот одлучи да го втурни во игра Фејтулах Ѓулен, кој иначе од последниот воени пуч во 1998 г. е избеган во Охајо, Пенсилванија и е под заштита и контрола на ЦИА.
Кон средината на 2013 г. со почетокот на Гези Парк протестите т.е. обоената револуција, протестантите кога даваа изјави за странските медиуми, тие велеа дека не протестираат само против диктатурата на Ердоган, него и против неговата продолжена рака т.е. имамот Ѓулен. Кон крајот на 2013 г. започна судирот Ердоган-Ѓулен, кога Ѓулен сакаше целосно да ја превземи контролата над полициските сили и кога се обиде да го симне Хакан Фидан од функцијата директор на MIT (турската тајна служба). По ова следуваше објавувањето на прислушкуваниот разговор на Ердоган и корупцискиот скандал со Халкбанк. Едноставно Ѓулен мораше да си ја одработи задачата која му ја зададоа Американците, бидејќи кај нив му беше даден гзот под кирија. Но Ердоган не дочека да помини ни еден ден кога започна со апсења и смени на полициски началници и останати службеници, со што целосно крахира и обидот да се тргни од власт Ердоган преку полициски пуч. Исто така започна и смената на судиите кои беа под контрола на Ѓулен, а по ова започна со превземање на банките, факултетите, приватните средни школи и медиумите кои беа под палка на Ѓулен. На крај следуваше прогласувањето на Хизмет движењето за терористичка организација... а Ѓулен е осуден доживотно, но сепак Америте одбиваат да го екстрадираат во Турција.
Меѓу последните жртви од овој судир е славниот фудбалер Хакан Шуќур, кој беше пратеник во собранието од редовите на АК Партијата, но подоцна реши да премини од страна на Ѓулен бидејќи беше член на неговото движење.
http://ekipa.mk/hakan-shukur-chetiri-godini-vo-zatvor-poradi-navredi-kon-erdogan/
Случајот со превземањето на весникот „Заман“ е финалниот удар кон Ѓулен, а по ова тој ќе изгуби секакво влијание во турската внатрешна политика. За тоа колкава е омразата на Ердоган кон Ѓуленистите говори видеото, каде што Ердоган во јавните настапи ги именува како секта (т.е. еретици) и како „Паралелната држава“:
А претходно...
Еве и слики од Гези Парк протестите во Америка против Ѓулен