Старец претепан до смрт оти ја фалел Катица Јанева?

Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.887
DOLGA JE RAKATANA VMRO!!!!!!!! NEMAKAJ DA BEGATE SOSROSIDI!!!!!!!!!!


Го претепале до смрт оти ја фалел Катица Јанева, а ги кудел Јанкулоска и Јанакиески

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.



Токму тоа била причината поради која сега осомничениот му се нафрлил на старецот, неофицијално откриваат извори од полицијата, јави Мета.

Осумдесетгодишниот жител на мариовското село Маково вчера беше претепан до смрт и иако веднаш бил префрлен на одделот за анестезија, реанимација и за интензивно лекување, по кратко време им подлегнал на повредите.

Битолската полиција потврдува дека го привела осомничениот, по што се очекуваат детали за настанот.


Случајот бил пријавен вчера околу 13.30 часот, кога стрецот со тешки телесни повреди бил префрлен во битолската болница, каде што и покрај настојувањето на лекарите, по кратко време починал.

„Пациентот е донесен со сериозни повреди во животна опасност, направена е интензивна реанимација, ставен е на машина за дишење, но само по половина час, поради типот на повредите, починал“, изјави портпаролката на битолската клиничка болница, Јагода Стојановска.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.946
^Погрешно и неразумно. Членовите и симпатизерите на ВМРО треба да се воздржат од одговорање на провокации. Многу побитна и поодговорна работа имаат во моментов.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.887
Погрешно било?
и неразумно....


No shit?:pos:

Не ми се закануваше Владе, напротив, ние сме пријатели од Кајгана и од време на време пиеме по некое кафе на Широк Сокак. :)
Реков ја, пази!
Али океј, голем си више, ти си знаеш.

Мислам дека после избориве на 24-ти ќе почне ловот, како што Инглориус и другите си кажаа предходно. Ова е само увертира. Пазите што зборите!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.946
Да, скроз е погрешно и неразумно да се паѓа на комуњарски доскочици. Особено не сега, кога ќе ги има секојдневно.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.782
Поени од реакции
18.393
Не, сериозно. Колкав е влогот за да претепаш некој пошто ја бранел Катица, освен кожата на пастирот?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
80-годишен старец вчера бил претепан до смрт во бизарна расправија за политика во мариовското село Маково, пренесува „Мета“.

По неколку испиени чашки ракија, тој и 53-годишен соселанец и поранешен осуденик почнале да се расправаат оти старецот ја пофалил работата на Јанева и изразил задоволство од гонењето на Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Потоа соговорникот му се нафрлил и го претепал до смрт. Во битолската болница бил однесен жив, но набргу им подлегнал на повредите. Полицијата го привела осомничениот.

Извор: http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=27420

Да ја фалиш обвинителката, да кажеш дека убаво што ги уапсиле криминалците кои се збогатија на наш грб, и да УМРЕШ! Да, да, УМИРАШ! Едноставно си заслужиш да УМРЕШ комуњар еден прљав, соросоиду! Црпнатиот ли те плаќа????? Е ова е ВМРО, ова е болеста што е навлезена толку многу и го разјадува мозокот што дефинитивно треба да влезе во листа на болести! И да не слушам коментари дека не треба да се генерализира, бидејќи и најмалото бранење на оваа власт е за осуда и треба да се сметаат за соучесници тие што тоа го практикуваат! 80 годишен старец!

Се прашувам дали се уште има луѓе кои и на ова ќе замижат и пак ќе продолжиме со релативизација. Сите се исти, нели? Политика е ку*ва. Можело и обратно да биде. Е, па, можело ли?!

Темава е во општи муабети, иако мислев дека треба да биде во психологија. Нема што да се дискутира, нека почива во мир човекот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.946
Не пошто ја бранел Катица, туку затоа што се заканувал со Катица. А пастирот е единствениот гарант на физичкиот опстанок на таквите. Бар засега, додека базата сеуште го слуша.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.887
80 годишниот старец у село Маково у Мариово му се заканувал на бившиот осуденик со Катица!
Ох, па тој бил загрозен. Ова е некој вид самоодбрана. Legit.
Амнестија.
:tapp:

Маестрален потег на ВМРО.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Нишо не се случува без божја воља
зато убаво читајте ја Библијата каде стои дека секоја власт е од бога дадена и кој се противи на власта се противи на бога!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Алкохол + Политика + Македонци = Ваков резултат
А бе какви Македонци овие двајца не се исто племе! Починатиот е Македонец, убиецот е испрано говедо, а за жал ги има милион! Гине за „неговите“ лидери! Да убиеш човек брнејќи искомплексирана бркла што ја слушнавме што збори за својот народ! И миле ми текна што си ги брои милионите у Белизе а овој нека скапе у Мариовско село, битно УБИ ЗА НИВ! Болест наречена ВМРО ДПМНЕ!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.782
Поени од реакции
18.393
Не пошто ја бранел Катица, туку затоа што се заканувал со Катица. А пастирот е единствениот гарант на физичкиот опстанок на таквите. Бар засега, додека базата сеуште го слуша.
Пастирот не може да гарантира за својата кожа не па за некоја забеготина од Мариово. Ама битно е што ова го дава конечниот профил на еден прав дпмнеовец.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.887
90 posto od clenstvoto im e zaostanato do ovoj stadium, za zal, sega ke dojdat Brutusot i Basterdot so spinovi.
Inglorious почна више у темана за бомбите.
Неговиот став е дека старецон се заканувал со Катица, а не дека ја пофалил.
Легитимна самоодбрана од страна на робијашот, кој бил под закана на 80-годишниот соросид од село Маково.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom