Крај на Европската цивилизација....

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
праено е и пред 50 или 60 години и то од страна на денешните ЕУ земји, сети се на германија и нејзиниот треман на евреи, или цигани или словени... уште се живи генерации кои беа сведоци на тие времиња, уше поголеми убијци беа белгијанци кои за време на кралот Леополд убија и до 20 милиони конгоанци... али јеби га то беше конго далеку негде таму и некои си црнци ни чуени ни видени...
Европа и Америка го запалија блискиот исток, урнаа режими, дестабилизираа региони, испотепаа купишта нечии синови татковци браќа.... финансираа едни против други и сега се чудиме шо бараат тие од војни и страдања огорчени луѓе од нас?
Додека англиски, германски француски амерички... авиони ојдоа таму и бомбардираа Ирак, Либија, Сирија Aвганистан.. а ние гледавме клипови на јутуб, нишо не ни сметаше, кога тие бомбардирани луѓе дојдоа ваму и по некој од нив огорчен или со омраза направи некое срање кај нас, е онда се тие дивјаци.
Од кога си ти антизападно ориентиран?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691

Затоа што Леополд убивал Конгоанци ние сме криви?Кој го праша народот во ЕУ или пак во Америка дали треба или не треба да се бомбардира Либија или Ирак?Зарем некој го праша народот во истите држави кога се бомбардираше Србија?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278

Народот си ги избра своите водачи кои ги бомбардираа и Ирак и Авганистан и Либија и Сирија. И во европа и во САД. Народот му даде легитимитет да одлучуваат по тие прашања.
Сите ние сме дел од таа одлука и покрај твоето “ја не гласав за овие на власт“
појдовме таму (како европјани и западни сили) ги наоружавме, ги потикнавме, фрлафме бомби воведувавме санкции ракетиравме, ги обучувавме и сега трпиме последици од таква наша политика[DOUBLEPOST=1456082814][/DOUBLEPOST]
Од кога си ти антизападно ориентиран?
не сум јас антизападно орјентиран само сум реален, таква политика водиме и ова е последица од таја политика. Нема тука ништо анти, само давам факти без емоции.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ок поентата е на место. Хордите се иницирани од западните злотвори. Всушност и оваа хорда своето раѓање го должи на еден од најголемите злотвори Адолф Хитлер, а понатаму спонзорирани од западната цивилизација, било тоа да е преку СССР или САД.

Меѓутоа хордите се инфицирани и кога ќе тргнат да се одмаздуваат на западниот свет, ние сме им уз пат и сигурно нема да ги интересира што ние истата мака сме ја имале од тој западен свет. За нив сме само кафири на кои треба да им се одстрани главата од телото.

А да не спомнувам дека хордата е веќе сеприсутна и кај нас....

А и не сакам да спомнувам како тоа Турците непоканети дојдоа тука и ни се изживуваа со нас 550 години. Ваљда кармата е во прашање.
 
отприлика то је то уз некои поправки, ние (европа) им го уништивме нивниот свет, и тие фино лепо идат тука и сакаат да си го возобноват тој свет во нивниот нов дом.
Е сега некогаш е то поекстремно од наш вкус али јебига, ние не ги прашавме нив “Извините аки ви го уништиме општеството, државата, семејствата, шо ќе направите вие“
Тие идат тука во европа, со свои обичаи, религии, песни, сфаќања... зато шо ние ги избркавме од нивните.
Ќе се навикниме
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.216
Затоа што Леополд убивал Конгоанци ние сме криви?Кој го праша народот во ЕУ или пак во Америка дали треба или не треба да се бомбардира Либија или Ирак?Зарем некој го праша народот во истите држави кога се бомбардираше Србија?
Народот го прашуваат на секој 4 години,и кандидатите што ги критикуваат овие политики се елиминирани уште во првите кругови од самите гласачи :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.024
Поени од реакции
83.448
Бачко Вехабиите дојдоа у Македонија затоа што Грујо прими кешола од Катар и Турска за да ги толерира нивните "хуманитарни" орагнизации да шврљаат и градат нивни џамии сегде низ Македонија, у комплет со инвестиции од типот на Џеваир згради у сред Аеродром и молитвени домови кај што Муслимани и нема. Па така сеа имаме пет-шест џамии у кои се проповеда тоа срање, наместо традиционалниот Ислам, џамии кои се регрутни центри за борците на ИСИС и врз кои ИВЗ нема контрола. Ние имаме повеќе случаи на ИСИС борци у Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово. Тоа се ствари кои почнаа у задњи пет-шест години. Црквине у Сарај и Арачиново некни као случајно у ист момент беа осквернавени?

Каква врска има тоа со емигрантите? Со наводното уништување на земјите на Муслиманите и преселбата?

A и тој муабет со уништувањето на муслиманските земји:
Па пизда ли му материна, најбогатите земји у свет се Муслимански. Ене ги, на Арабијски Полуостров, можат со еден покрет со рука да го решат финансискиот проблем на целото тоа море од муслиманска беда од Мароко до Пакистан.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.216
A и тој муабет со уништувањето на муслиманските земји:
Па пизда ли му материна, најбогатите земји у свет се Муслимански. Ене ги, на Арабијски Полуостров, можат со еден покрет со рука да го решат финансискиот проблем на целото тоа море од муслиманска беда од Мароко до Пакистан.
Мислиш гајле му е на Саудијскиот козоебач за муслиманите у пакистан? Не, глеа да си ги слуша американците бидејки мала е границата меѓу власт и да ти бутаат шипка во гз ко гадафи.
Сваќам дека ние како Македонци треба да се плашиме од овие бидејки за нигде ни е државата ама дека козоебачиве ќе донеселе крај на европската цивилизација:icon_lol:
Која е таа муслиманска земја која не дејствува во коалиција со западот или русија?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
отприлика то је то уз некои поправки, ние (европа) им го уништивме нивниот свет, и тие фино лепо идат тука и сакаат да си го возобноват тој свет во нивниот нов дом.
Е сега некогаш е то поекстремно од наш вкус али јебига, ние не ги прашавме нив “Извините аки ви го уништиме општеството, државата, семејствата, шо ќе направите вие“
Тие идат тука во европа, со свои обичаи, религии, песни, сфаќања... зато шо ние ги избркавме од нивните.
Ќе се навикниме
Абе тоа е во ред, ама греота е да не ставиш нас во истиот кош со тие кои уништуваат држави. Имај во предвид дека 2001 година тука не ги удираа нив по глава, туку нас. Во Авганистан они се здружија со САД. Они се фатија на орото со ѓаолот. Не им требаше многу за да Хитлер ги натера да оформат СС дивизии и да хараат по Балканскиот Попуостров и Украина и Русија, силувајќи и колејќи невини луѓе, слично како и денеска во Сирија.
 
Е сега замисли негде брусничка населба да донесат едно 10000 емигранти мислиш дека ќе мојш да поминиш од таму?И шо е наинтересно мегу тие 10000 бегалци гарант ќе има вахабимаченици шо ќе се нестрпливи да се упатат кон својте напатени девици.Зарем не ти е уште јасно дека на креаторите на светски политики не им е гајле за тоа,едноставно обичниот народ е колатерална штета.На погрешно место ги бараш одговорните за катастрофиве шо се дешааваат во светов.На шо тоа треба да се навикниме???За шо сме криви па да се навикниме на теророт кажи ми ,објасни стварно не можам да го сватам твојов став?
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.142
Поени од реакции
30.263
отприлика то је то уз некои поправки, ние (европа) им го уништивме нивниот свет, и тие фино лепо идат тука и сакаат да си го возобноват тој свет во нивниот нов дом.
Е сега некогаш е то поекстремно од наш вкус али јебига, ние не ги прашавме нив “Извините аки ви го уништиме општеството, државата, семејствата, шо ќе направите вие“
Тие идат тука во европа, со свои обичаи, религии, песни, сфаќања... зато шо ние ги избркавме од нивните.
Ќе се навикниме
#whiteguilt #whiteprivilege
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Е сега замисли негде брусничка населба да донесат едно 10000 емигранти мислиш дека ќе мојш да поминиш од таму?И шо е наинтересно мегу тие 10000 бегалци гарант ќе има вахабимаченици шо ќе се нестрпливи да се упатат кон својте напатени девици.Зарем не ти е уште јасно дека на креаторите на светски политики не им е гајле за тоа,едноставно обичниот народ е колатерална штета.На погрешно место ги бараш одговорните за катастрофиве шо се дешааваат во светов.На шо тоа треба да се навикниме???За шо сме криви па да се навикниме на теророт кажи ми ,објасни стварно не можам да го сватам твојов став?
Ова се глобални историски настани каде нема криви и прави
Шо беа криви америчките домородци шо им ја одзедоа земјата ги десетковаа и ги набија во резервати, шо беа виновни евреи, црнци, белци, христијани, пагани муслимани во одредени периоди на историја, словените кој ги викна тука да дојдат? шо бевме ние криви па ни се населија наоколо па пљачкосуваа убиваа??
Се покренаа геополитичките механизми, иди до промени како шо идеа во цела човечка историја, ако мислеше дека сме дојдени до крајот на некакви измени и промени и до крај на свет дека ќе биди вака - си бил во заблуда[DOUBLEPOST=1456089471][/DOUBLEPOST]
Абе тоа е во ред, ама греота е да не ставиш нас во истиот кош со тие кои уништуваат држави. Имај во предвид дека 2001 година тука не ги удираа нив по глава, туку нас. Во Авганистан они се здружија со САД. Они се фатија на орото со ѓаолот. Не им требаше многу за да Хитлер ги натера да оформат СС дивизии и да хараат по Балканскиот Попуостров и Украина и Русија, силувајќи и колејќи невини луѓе, слично како и денеска во Сирија.
Ние како Македонија и ваква мала и безначајна во светски рамки, застанавме на страната на НАТО и западните сили и со подршка и со учество на наши макар и симболични воени сили во некои од тие операции. Ние се сметаме себе си како дел и од ЕУ и од западниот свет.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ние како Македонија и ваква мала и безначајна во светски рамки, застанавме на страната на НАТО и западните сили и со подршка и со учество на наши макар и симболични воени сили во некои од тие операции. Ние се сметаме себе си како дел и од ЕУ и од западниот свет.
Ок де, реков претходно дека држи вода муабетот. Меѓутоа како што кажав не се тие ИД и Алкаеда хезби и ислам, Хамас и други чкљ групи сечачи на глави така безазлени борци за слобода какви што сакаш да ни ги прикажеш.
Што на пример била иницијативата за генераирање на муслимански СС батаљони на Ал Хусеин спонзорирани од Хитлер да колат, мачат и силуваат словенско население на Балканот и источна Европа на пример? Ничим изазвани.

Пази јас не викам западната цивилизација е во ред и дека е нешто поарна од главосечачите од исток, тоа историјата покажала дека не е така. Но тие од исток се исто гомно. Како што кажав и јас и некој друг претходно, а и ти пред некој пост, човековиот интелект не е ништо поеволуиран од тој пред 1000 години. Напротив интелектот доживува еволуциски регрес, во присуство на помошните средства што ги имаме(технологија воопшто), стануваме физички и интелектуални инвалиди. А социјалниот инжинеринг не прави и зомби без сопствено мислење. Но треба и да сме свесни дека настрана муабетите дека сме 21 век и насилства и рушење граници не се можни, ситуацијата ни кажува дека тоа се само муабети за мали деца пред спиење.

Е сега пошто ситуацијата е таква каква што е, не е веќе важно кој е крив, а кој не е. Доколку се расправаме за тоа ќе завршиме како Византија (приказната со ѓаволот на врв на игла). Треба да ја гледаме фактичката состојба и да ги видиме можните сценарија. ИД ни е непосредниот непријател, без разлика дали ти ги оправдуваш нивните акции или не. Во Македонија има 100.000 нивни следбеници, без разлика дали ти викаш дека се во право или не, тие во случај на војна ќе ти ја исечат главата. Така да и да сакаш и да неќеш ние сме на иста страна.
 
многу си се уплашил од то сечење на глави, нема толку нивни приврзаници овде ниту барем во следни децении можеби и век два можеме да очекуваме верски конфликти и јавно сечење на глаи низ европа, сепак овие 2-3 милиони мигранти се капка во море меѓу неколку стотини милиони европјани, многу од мигрантите се мирни луѓе кои само бараат спас и подобобар живот за себе и семејствата, не секој иди овде со план за сечење глаи, али пошо не сме навикнати многу на терор, секој инцидент крева цели држави на нозе, 12 мртви во Париз и цела европа се потресува од темел, 120 мртви во еден напад негде низ ирак или сирија, и ќе го објават тоа на крај во вестите.
Ова шо нам ни се случува е дел од европска политика, и напади на нивни земји и примање на имигранти, никој со сила ни не тераше да се вмешуваме во туѓи држави и рушиме режими ни да им ветуваме азили и отвараме граници за мигранти.
Можеби е ова голема грешка, али ни јас ни ти па ни Македонија а ни земјите во регионот можеме да го смениме тоа.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Аман Јамајка - за сите проблеми во светот либералите ти се криви?

Бачко Вехабиите дојдоа у Македонија затоа што Грујо прими кешола од Катар и Турска за да ги толерира нивните "хуманитарни" орагнизации
Во голем дел од ставовите за муслиманите јас и ти сме сложни. Го имаме правено муабетот и во живо. Али овде за воља на вистината морам да те поправам. Вахабизмот не е новина која Грујо ја донесе тука, туку истата си функционира без пречки скоро 20ина и кусур години. Наиде на пораст после 2001ва, и да, во последните неколку години добија повеќе "простории" каде го проповедаат срањето, ама учителите беа тука одамна. Не треба да му се постави прашањето само на Грујо и компанија, туку и на сите останати кои биле дел од администрацијата последниве 25 години, и зошто и тие мижеле како сегашната власт, во врска со растечкиов проблем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom