Обид за измама од приватна болница. Што понатаму?

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.409
Која логика е да уплатиш во ноември за операција за да ти ја прават следниот ноември? У оваа земја логика више и нема ама...
Значи уплатено е за операција а операција не е направена, парите не се вратени. Тоа можам лесно да го докажам. Одложување на мое барање, жими куров. Нека докажат они дека ја сум ја одложил операцијата и нема ни денар да барам назад.
Ако е вака како што кажуваш добро изгледа. Ако имаш средства за на суд најди си добар адвокат идеално со добра препорака и докажан квалитет, договори се за процент за него од добивката и нека си брка работа после он.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Веќе споменав погоре дека имам уплатници и среќа моја што ја чувам затоа што знам каков џган има во земјава, инаку Систина е.
Кога веќе ја спомна, мада веќе и се знаеше ова не е прв ваков проблем. Истиот проблем го имаште и тетка ми со операција на срцето. 9 месеци и ја презакажуваа операцијата затоа што г-динот Таџер бил на пат, па во Израел, па на одмор...
 
T

templar55

Гостин
Ако е вака како што кажуваш добро изгледа. Ако имаш средства за на суд најди си добар адвокат идеално со добра препорака и докажан квалитет, договори се за процент за него од добивката и нека си брка работа после он.
Да имам средства и ке гледам да најдам добар адвокат, само сериозно не знам како одат тие работи. Дали само ми се враќа сумата која што сум ја уплатил или ми се плаќа оштета далеку поголема од сумата (нормално доколку ги добијам). Знам само дека судските трошкови одат кај оној што губи, нели? За останатото појма немам.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Во Ноември 2015-та требаше да правам операција во една наша приватна болница (засега името на болницата нема да го објавувам),така што по консултациите со докторот решивме дека најдобро би било тоа да биде на средина на месецот.

Нормално бидејќи се работи за приватна болница докторот ми рече дека треба да депонирам сума на пари во рок од 3 дена како гарант и на денот на операција да ја доплатам сумата за што и се согласив.

Го плаќам депонентот на парите истиот ден и чекам да дојде денот кога ке треба да се прави операцијата. Ама Македонија како Македонија, ден пред операцијата нежен глас ми се јави и ми рече дека мора да се одложи за наредниот месец, месец декември.
Во ред, реков. Декември-декември. Декември е тука дур да трепнеш, нели?

Доаѓа фамозниот декември јас чекам ли чекам и добивам повик од болницата дека не може на средината на декември да се направи операцијата. Ок викам, крај на декември? Богами ни тогаш...Средина на јануар ке биде во ред, господине? Докторот е до тогаш на одмор...Во ред, во ред ( во себе си мислам, мамичето у пичка гнасно...)

Целиот расплет почнува ужасно многу да ме потсетува на филмот Тетовирање, посебно сцените кога го ебаваат и му го одложуваат излегувањето од затвор.
Околу 5 Јануари погодувате што ми се случува? Добивам порака дека не може ни на средина на Јануари да се одржи операцијата туку на крај на месецов.
Тука пукам, и викам ок...вратете ми го депонентот ке идам у некоја клиника во странство, очигледно немате кадар за тоа.
Добро господине, наша грешка...ке ви го вратиме депонентот.

Е тука започнува голготата...
Депонентот демек ми го враќаат буквално секој ден и секој ден им вртам. Те имале проблеми со службата те ке ме контактирале и никако да си ги вратам парите назад, а сумата на парите за кои сакаат да ме закрпат воопшто не е мала.
Ми кажаа минатата недела дека ке ми ги вратат, ништо...До понеделник господине, сега е среда.
Па? Што ке ми предложите да правам со овие гомна? Тужба? Да им викнам медиуми?
Нека не те чуди тоа,тоа го има само во Македонија со реформите во здравството,со Мој термин,Ало докторе-ама реформи само кои го уназадија здравството.Татко ми лани требаше да се прави обична операција од кила.Нормално во државната болница во градот бидејќи е еден доктор,и тој ги влече конците,лекарот си бара мито.Изговор му беше дека операцијата била ризична,ќе имало последици и не закажуваше термин за прво ние да му понудиме мито.Рековме ќе одиме преку Скопје преку Државната Болница,и таму исто така секој месец докторот одложуваше три месеци,и никаков одговор.И бидејќи брат ми живее во Бугарија,татко ми отиде таму,се направи без проблем операција на приватно,без осигурување,за минимална сума колку тука што бараат поткуп.Е тоа ти е,ако им дојде на глава на министриве и на премиерот чисто сумњам дека они би се правеле операции во нашиве болници.Услови никакви,хаос невиден,и навистина заради нивната негрижа постои ризик,сведоци сме само колку имаме жртви.Деца умираат заради рутински операции,жени на пораѓај заради пијани анестезиолози.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Отиди со екипа од 10 души внатре, барај да се сретнеш со директор, влези у канцеларија и објасни му дека може на него операција да му прават ако не ти ги врати парите.
Све со фино со убаво.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Пред се, добар адвокат да си најдеш.
Нека проба писмено да ги побара парите со закана од тужба.
Ако не, тужба, каде ќе се бара поврат на парите, плус затезна камата, и, ако помине и оштетно барање.
Инаку, не би го нарекол тоа измама, туку неисполнување на договор :)
Со самото тоа што си уплатил, имате договор за определена работа (операција), и болницата како договорна страна не си ја исполнува обврската барајќи постојано одлагање.
Ти си постапил согласно договорот и си уплатил некоја сума, значи си совесен и се придржуваш до договорот, но не се согласуваш со новите услови и бараш раскин на истиот и да ти биде вратено она што си го платил.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Темплар глеај земи си ги парите назад и не влегвај во судски лавиринти, не прави цела ова нерва да ти делува на операцијата , и не должи ја уште , закажи ја во некоја друга клиника тука или во странство.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Така,само ти не пишувај која е таа болница.
Кај те закрпиле тебе ( фигуративно кажано, не си ни отворен не пак крпен :D) Дај им можност уште некого да зафркант.
 
T

templar55

Гостин
Нека не те чуди тоа,тоа го има само во Македонија со реформите во здравството,со Мој термин,Ало докторе-ама реформи само кои го уназадија здравството.Татко ми лани требаше да се прави обична операција од кила.Нормално во државната болница во градот бидејќи е еден доктор,и тој ги влече конците,лекарот си бара мито.Изговор му беше дека операцијата била ризична,ќе имало последици и не закажуваше термин за прво ние да му понудиме мито.Рековме ќе одиме преку Скопје преку Државната Болница,и таму исто така секој месец докторот одложуваше три месеци,и никаков одговор.И бидејќи брат ми живее во Бугарија,татко ми отиде таму,се направи без проблем операција на приватно,без осигурување,за минимална сума колку тука што бараат поткуп.Е тоа ти е,ако им дојде на глава на министриве и на премиерот чисто сумњам дека они би се правеле операции во нашиве болници.Услови никакви,хаос невиден,и навистина заради нивната негрижа постои ризик,сведоци сме само колку имаме жртви.Деца умираат заради рутински операции,жени на пораѓај заради пијани анестезиолози.
Те разбирам комплетно туку работава е што нашиве приватни болници се исти како дното болници што се на запад. Замисли сега како изгледа нормална болница на запад, па замисли како изгледа добра/професионална болница.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.735
Поени од реакции
35.270
Да имам средства и ке гледам да најдам добар адвокат, само сериозно не знам како одат тие работи. Дали само ми се враќа сумата која што сум ја уплатил или ми се плаќа оштета далеку поголема од сумата (нормално доколку ги добијам). Знам само дека судските трошкови одат кај оној што губи, нели? За останатото појма немам.
Ако немаш на писмено дека рокот ти бил закажан за Ноември, џабе е замарањето, на суд пак ќе те турнат.
 
T

templar55

Гостин
Отиди со екипа од 10 души внатре, барај да се сретнеш со директор, влези у канцеларија и објасни му дека може на него операција да му прават ако не ти ги врати парите.
Све со фино со убаво.
Не е тоа решение, битно е мудро да им го ставиш со се јајца и да си го земеш својот дел.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.409
Да имам средства и ке гледам да најдам добар адвокат, само сериозно не знам како одат тие работи. Дали само ми се враќа сумата која што сум ја уплатил или ми се плаќа оштета далеку поголема од сумата (нормално доколку ги добијам). Знам само дека судските трошкови одат кај оној што губи, нели? За останатото појма немам.
И јас не знам точно за тоа консултирај се со адвокат ама на кратко.

Да си ги добиваш парите назад и плус имаш отштета за загубено време, емоционален стрес, непрофесионалност и ваљда уште неколку други точки тоа треба адвокат да те ислуша и да ти каже за што се можеш да ги тужиш.

И како што ти кажав се договараш со адвокатот ако мисли дека може да добие за процент од добивката за да си има мотивација да ја сработи работата како што треба или како што викаат и волкот сит и овците на број.

П.С Добро би било доколку некој со искуство би споделил како поминал јас неам поминато така да нема многу да солам памет.
 
T

templar55

Гостин
Ако немаш на писмено дека рокот ти бил закажан за Ноември, џабе е замарањето, на суд пак ќе те турнат.
Тешко тоа. Кога уплаќаш за нова кола у март, добиваш ли на писмено дека колата ке ја добиеш до април или можат да те дупат до 2056-та година само затоа што на писмено не сте се договориле до кога е рокот за добивање на колата, мислам дај...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не е тоа решение, битно е мудро да им го ставиш со се јајца и да си го земеш својот дел.
Како е тоа мудро да им го ставиш со јајца? Ако планираш правдата да ја тераш преку правото, боље сам напрај си операција на живо.
Знаеш кој ги држи сите приватни болници и знаеш со кого се у комба тие ликови. Ја не би се заебавал.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Те разбирам комплетно туку работава е што нашиве приватни болници се исти како дното болници што се на запад. Замисли сега како изгледа нормална болница на запад, па замисли како изгледа добра/професионална болница.
Пред десет години не беше така.Се знаеше кој е Филип втори,Систина.Сега дојде до тоа што власта по секоја цена гледа да ги урниса тие болници,да ги врати докторите и сестрите назад во Државна Болница,а таа се побетер стана.Не постои никаков напредок,се е маркетиншки трик тоа што го гледаме по медиумите.На сето тоа се оптеретени со разноразни реформи кои прават повеќе штета во здравството.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom