Голем мудрец е Каракамишева, видиш како точно одредила кои копчиња на дадената таргет група треба да бидат притиснати. Ја гледам лавинава од реакции и си викам "иј бе, алал да и е на оваа, ама ги заеба неебаниве". Им го спопика скроз, да не знаат кој крај да го фатат. Пандов, Боцевски и Каракамишева, тој триумвират на уличната мудрост, во бој со неебаната комуњара, секогаш чекор понапред, секој потег мудар, секоја наводна глупост - всушност провокација, смислена и маестрално пласирана, со громогласен ефект и громогласна смеа после во кафана.
И тоа е нормално и умно од една партија која се смета за сериозна. Таа партија внимателно ги бира експертите и интелектуалците кои ќе ја промовираат нејзе и нејзините вредности. Не како некои други, што насобрале разни ситни криминалци на кои им виси затвор, па мора да одработат, апашчиња во дебели долгови со сомнителни лојалности шо питале у партија и нуделе газ и бескруполозност за да им покријат долговите, пишман-аџии кои го качуваат неблагодарниот stairway of poop откако претходно смениле две-три партии и морале да почнуваат од почеток... и неостварени, а болно амбициозни медиокритетни теткици со бушава азбука од речник и интелектуален капацитет на тротинет.
Во единствената семакедонска, патриотска, сериозна и мудра партија за такви нема простор. И добро е што ги нема.