[Кајгана готвач] Специјално издание: Божиќна и Новогодишна трпеза

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Локација
Во земјата на магијата
Еве уште едно специјално издание на кајгана готвачот. Темава ќе го опфаќа католичкиот Божиќ, Нова Година и православниот Божиќ. Ќе биде отворена до 8.01, па повелете со вашите трпези. Можете да издвоите и само едно јадење, можете се вкупно.
Ќе биде убаво да напишете и по некој збор за рецепта или припрема или што и да посакате, само да не бидат слики како во албум.


Со @shumecha.tableta ви посакуваме убави денови со уште поубава храна! :pipi:
 
Зашто никој нема на темава...? :unsure:

Почнувам со кифлички и руска...Вечер прасечко печено, сарма, торта...

- Кифлички:


за тестото треба- кило брашно,пола литар млеко во тетрапак, 1 свеж квасец, 7 мали лажички шеќер и 2 мали лажички сол. Откако ќе накисне тестото се двојат мали топчиња, се расукуваат елипсовидно, на едниот крај се сечат неколку пати со нож и се виткаат...
Еве ги пред печење, наредени во тепсија со маргарин одозгора

20151230_135555.jpg

Еве ги испечени:

20151230_135520.jpg


- Руска салата:
пилешка шунка, мешан кашкавал, грашок, кисели краставички, варен компир, варен морков, мајонез (исклучиво со Томи правам јас), бибер

прво сецкам шунката и кашкавалот-

20151231_140445.jpg

па додавам грашок од конзерва и кисели краставички

20151231_141800.jpg


На крај варениот компир пасиран, варениот морков сецкан ситно и една тегла мајонез и све се меша20151231_162146.jpg


- Останатото вечер :)
 
Да ставам слики додека го чекам домаќинов...
Двајца сме, претерав! :D
На даската има онион рингс, моцарела, пилешки прсти, зденки, руска салата и кифлички со чајна, сирење и маслинки.

SAM_4395.JPG
 
Ова благо го правев вчера специјално за мојата пријателка Босанка, којашто го обожава за разлика од мене...Шербет не поднесувам, тоа е ...

Прво домашни тулумби:

Во пола литар ладна вода се ставаат 6 лажици зејтин и пола мало лажиче сол и тоа треба да треба да се стави да зоврие убаво...Потоа се трга од рингла и дури е уште врело во него се става 350 гр бело брашно и се меша со лажица све дури не стане млака смесата и хомогена...После во таа смеса се ставаат 6 јајца (јас ставив домашни од село купени :) ) и се мати со миксeр све дури убаво не се изедначи смесата...Откако завршувате со миксерот земате повторно со лажица да ја мешате смесата едно добри 15-20 мин...
- таа смеса изгледа вака:
20151230_161307.jpg

Оваа смеса се става во специјален шприц за тулумби :icon_mrgr: (не го сликав) и кога излегуваат тулумбите од него се потсекуваат со нож и се пуштаат во тенџете со 1 литар зејтин и на ниска температура се пржи
- еве вака:
20151230_161237.jpg

После тоа кога ќе фата златеста боја се вадат и се ставаат во шербет, во посебно тенџере (шербетот претходно сварен со 1 литар вода и 2 кила шеќер и еден лимон на крукчиња исечен и излупен и ванилин шеќер
- еве вака:
20151230_171808.jpg


И на крај јас ги сервирав со домашна Васина торта:

20160103_143214.jpg
 
Јас немам целосна слика, па вака одделно, од тоа што е мое дело...
Полулиснати кифлички и салата со компири, кисели краставички, јајца, салама и кашкавал.
IMG_0023a.jpg
Сармичиња.
IMG_0049a.jpg
Баклава со вишни, чоколадо и афион. И полнети руски шубари.
2.jpg
Пита со јаболка.
IMG_0046a.jpg
 
Луѓе, ставајте опција за да може да се гласа за повеќе души иначе не ја бива. Ги утепав од гледање сликиве, не знаеш која е поубава. :)
 
Ќе ја отворам темата за гласање после 12 вечер. Ако е за @CafeDelMar ќе ја праам анкетата со повеќе опции. Тоа до сега мислам го немало во историјата на Кајгана готвач, така што поима неам. :D
 
Ќе ја отворам темата за гласање после 12 вечер. Ако е за @CafeDelMar ќе ја праам анкетата со повеќе опции. Тоа до сега мислам го немало во историјата на Кајгана готвач, така што поима неам. :D


Немам ништо против јас. :smirce:

Можеби и е ок пракса во специјалните изданија да има повеќе опции за гласање.
Тука од посни сарми до тулумби, тешко е да се направи избор. :))
 
Имаше, за љубилејната 100ка.
Ги проверив сега анкетите, немало такво нешто...
Нема врска, еве за првпат ќе има повеќе избор. :D Ќе почекаме до вечер, за секој случај да не се пријаво уште некој. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom