Дежурна Ординација! #2

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ако си била само 2 пати во тоалет, не е тоа стомачен вирус
Дечко, втор пат во животов а не дека два пати бев во веце. Кампував вчера таму.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Втор пат во живот фаќам стомачен вирус. Освен нормално чај од камилици и наниња, нешто друго?
Диета(строга)- двопек, чај,оризова вода,банани.
Медикаменти-лоперамид,линекс.
Време-седмица трпение.
 
Член од
15 мај 2015
Мислења
13
Поени од реакции
1
Сериозно внимавам на исхраната да не внесувам повеќе холестерол, заситени масти и слично. Последниве три месеци внимавав, односно после последната крвна анализа, и баш ме чуди што пак ми се покачи... Дали има шанса да се покачени нивоата на масти поради стрес?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Знае некој кај може да се направи интравенска урографија на приватно? Дека со мој термин, термин нема. Може на некои од државните да се направи приватно без да се чека за закажување?
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Веќе подолго време имам проблеми кичмата,бев на снимање и ми кажаа дека ми во ред и дека немам никаква посериозна повреда. Станува збор за вгрчена мускулатура од повеќе од потребно време поминато на седење на стол (канцелариска работа) иако со физички активен долго време.

Вежбите што ги правам во теретана ги правам правилно (избегнувам Squads и Deadlift ради тоа што дополнително ми се вгрчува мускулатурата кај кичмата)

После тоа обавезно правам вежби за истегнување на мускулатура,секако и кога сум во можност одам на масажи од кои што ми е секогаш подобро но ете никогаш не успевам целосно да ја средам кичмата па би ве замолил за некој совет или препорака за некој физиотерапевт што може да ми помогне да го решам овој проблем. Фала однапред
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Ај мислење од вас дали да се плашам за нешто посериозно...
Веќе неколку месеци имам подочници кои никогаш предходно не сум ги имал, а сега не ми се ни тргаат, малку сум послаб со енергија, а денес на тренинг и ми се стемни околу 30тина секунди пред очи и осетив силна болка во предниот дел од главата. Тренингот го прекинав веднаш, но можеби е и поради моја вина бидејќи беше со голем интензитет, премногу кратки паузи од 30секунди и големи тежини.
Малку бев изморен од работа и гладен, цел ден го поминав на промаја, прв оброк изедов во 19 часот (тренингот околу 20 и 30), а бев станат од 6 утрово, возев преку 500км и работев цел ден, но имав испиено и едно кафе и изедено 50тина грама благо, па не би требало да сум до толку батери лоу. Сепак мислење за тоа што ми се јавиа подочници, спијам барем 5 часа дневно, некогаш и до 8, али не повеќе :)
Дали е можно да се од премора или нешто посериозно?
Крвна слика имам прегледано пред 3 месеци и резултатите беа супер, немаше никаков проблем.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.276
Поени од реакции
9.058

Сам си го кажа одговорот.

btw 50 g чоколадо има отприлика 250 калории, па и не е некоја енергија, ако се има во предвид дека ти се потребни 3000 калории заради интензивниот тренинг.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Сам си го кажа одговорот.
Ок да е од премора, но до пред до пред 2 години работев уште понапорно и физички потешка работа, тренирав по 2 пати дневно и спиев дури помалку од сега, а тогаш имав многу повеќе енергија и никакви подочници.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Ok. Симптомиве се следниве: јака болка и подуеност во стомакот (буквално насекаде, целиот стомак ме боли, и ми е огромен, ко да сум 6-ти месец трудна, а не сум), гадење (не успеав да повратам), немам отидено во wc 4-5 дена (почесто ми се случува тоа, пиев алкалакс чај, 2 пакетчиња, пред 8 часа и пак ништо) главоболка (од левата страна кај окото), притисок 110/60, малаксаност ... шо ми е ? :(
 
Поради јаките болки и анамнезата потребно е да те прегледа некој.

И понатаму ќе пазиш на исхраната, значи храна со повеќе фибри и продукти со пробиотици.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Поради јаките болки и анамнезата потребно е да те прегледа некој.

И понатаму ќе пазиш на исхраната, значи храна со повеќе фибри и продукти со пробиотици.
Леле, нема да верувате колку внимавам на храната, односно не внимавам туку едноставно баш тоа што треба тоа го јадам, овошје и зеленчук јадам во изобилство, јаболко и сливи особено, ги јадам скоро секој ден, преку цела година (денес само изедов пола тегла компот од сливи, банана, два портокала и 1 јаболко), ручекот скоро никогаш не ми е сува храна, а и ако е е во комбинација со јогурт или кисело млеко (исто и јогурт конзумирам доста често), за вода пак да не зорувам, пијам многу вода (уште од мала), вода пијам по 3-4 кг на ден ... ја стварно незнам шо ми е, ама многу лошо се осекам :(
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Кафе не ни пијам, јогурт ми е кажано да избегавам ради нискиот притисок, другово не ми смета да го баталам на некој ден :)) фала :)
Која е врската меѓу јогуртот и нискио притисок?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Која е врската меѓу јогуртот и нискио притисок?
го снижува притисокот, се препорачува за луѓе што страдаат од висок притисок. Мене ми е 70 со 40 притисокот и уште јогурт ми фали па да не може да ме стане ни топ.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
го снижува притисокот, се препорачува за луѓе што страдаат од висок притисок. Мене ми е 70 со 40 притисокот и уште јогурт ми фали па да не може да ме стане ни топ.
Сигурен/на си за ова со притисокот ? Масленоста на јогуртот не влијае врз покачување на притисокот ? ... Дека мене ми е често низок притисокот, а пијам многу јогурт.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom