За жал и ти не си во право, барем не за болдираното.
Темата да е филозофски осврт но не за тоа ти што претпоставуваш, туку едноставно што би му се мотало низ главата на еден верник кога во некое хипотетичко сценарио дознае, сфати или најде доказ дека се она во што верувал едноставно не е вистина. Значи не се работи за реално сценарио туку измислено, ама очигледно на верниците им е забрането или не се способни дури ни тоа да го замислат. За нив тоа едноставно не е можно( да се грешка ) дури ни во замислена хипотетичка ситуација и одма автоматски се вадоја во одбрана на својата вера иако никој не го побара тоа од нив. Требаше само да замислат што био било кога би било, ништо повеќе. Затоа ќе биди уште поинтересно ако еден ден реално се најдат во таква ситуација, како тие би се справиле со тоа кога не се способни ни хипотетички да замислат , а не пак во реалниот живот да се соочат со такво нешто.
Ама како што можеш да забележиш не се најде јунак. Де ми цитираат делови од библија, де на прав пат ме изведуваат, де ме пријавуваат. Да не беше жално би било смешно.