Фан клуб: Пелистер!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Koj e kaj nas 8-ta ? gi iskina na trojki a dobar bese i centarot

Ѓорѓи Анакиевски е 8ката, со 3ки на крајот ги отепа, а добар беше и Бојан Давков 5ка ми се чини беше тој, и тој имаше добар удар за 3 на почетокот ги зареди...
 
Во сабота во 13ч. играме со Гостивар, дома во Битола.

Како шо разбрав овие Гостивар имале добра екипа и имале амбиции за прва лига.
 
Во сабота во 13ч. играме со Гостивар, дома во Битола.

Како шо разбрав овие Гостивар имале добра екипа и имале амбиции за прва лига.
Охрид се најдобри, а тука некаде се и Гостивар. Во минатото коло, Охрид славеше сред Гостивар и со тоа само потврди дека е најголем фаворит за прва лига. Вардар има една добра постава, ама не ми личи дека има амбиции за нешто повеќе. Плус што имаме веројатно и најмлад состав во лигата. По првите три кола Охрид, ние и Водњански Лисици сме со три победи, ама реално моменталната ситуација не ја отсликува реалната слика за јачината на клубовите :D
Шкупи има три порази, а гледам Караколев настапува за нив :icon_mrgr:

Гостивар го има Војче Бараба, пазете се :icon_mrgr:
 
И јас разбрав дека Гостивар има големи амбиции за 1 лига заедно со Охрид...
Ништо чудно и да изгубиме од нив...
Незнам со каков играчки кадар располагаат, знам само дека кај нив настапуваат гостиварчаните, браќата близнаци, екс играчи на Пелистер, Ренато и Роберт Димитриевски, порано беа и во Фени, за втора лига сигурно се топ играчи...
Не ни бега пораз, освен Гоцката ако мани 10 тројки тогаш друго ќе биди :D
 
КК водњански лисици - КК ПЕЛИСТЕР 59:63 (38:33)
Уште една победа на момците на Петкото !!!
од 5 одиграни кола 4 победи 1 пораз, браво за момците нека се држат вака до крај и ОДИМЕ ПРВА ЛИГА !!!
 
Очекував пораз од Лисиците и тоа убедлив... Браво за момците, добар старт на сезоната. :aplauz:

Со кој играме следно коло ?
Ако има негде распоред од втора лига, нека го постира некој овде.

Браво уште еднаш, честитки за Петко.(y)
Очигледно ги спремил добро играчите.
 
Единствените кои вадат резултати од проектот "БИТОЛА НАЈСПОРТСКИ ГРАД" па макар и во втора лига :pos:
За Петкото да биди тренер бев уште пред 2-3 сезони, неможи бе со Печале тренер 20 години да сме :pos:
Ама Петкото откако замина од Пелистер, ојде во Радовиш да игра, највероватно му фрлаја по некој денар плус од Пелистер шо земинал, па да раскрсти со играчката кариера, има големо познавање од кошарка Петкото...
Одличен старт, 4 победи само 1 пораз и тоа од Охрид кој се Голден Стејт во втора лига :D
На делба на 2 место сме со Вардар, не очекував дека вака добро ќе почниме...
2 победи над екипи кои имаат амбиции за 1 лига (незнам шо амбиции има Петкото) ама после овие победи би рекол дека можиме и ние за 1 лига...
Сигурно мислев ќе го јадиме дома од Гостивар и во гости кај Водњански, ама Петкото со дечките и двете екипи го плесна :cool:
Каква одбрана играме човече, двете победи последни противникот го спуштивме под 60 коша :coffee:
Минус над минусите играме :D
Па ваква одбрана Њујорк не играше во најдобрите денови :ROFLMAO:

Следно коло играме дома со Тетекс, екипа од долниот дел на табелата со 2 победи и 3 порази, со вакво темпо очекувам и овие да ги плесиме со +10!
 
Следно коло играме со Тетекс дома и би требало да ги добиеме. После то следи дербито со Вардар:icon_mrgr: и утакмица кај шо ќе се види вистинската слика за екипата. Како шо глеам и Вардар имат доста млад тим како нас .
Ако успеат да се вратат непоразени од Скопје тогаш ќе биди појасна сликата колкави се шансите за пласман во горниот дел од табелата.
Еве табела и распоред од наредните неколку кола... Подетално има на линкот подолу.
http://www.basketball.org.mk/?ItemID=E18F966DE205B6498CA91A9EB8D1C0CB

Capture 2.PNG
Capture.PNG

p.s.
Го молам модераторот на баскет фан-клубот да го одстрани извичникот ( ! ) од насловот на темата . :misticen:
 
Последно уредено од модератор:
Уште една победа за КК Пелистер. :D
Во другите спортски колективи од градот сме попара, ама Печале се издига како феникс.:busi:

Втора лига, 6то коло: КК Пелистер - КК Тетекс 81:71 :aplauz:

После 6 кола имаме 5 победи и еден пораз. Одличен старт засега, но ќе видиме следно коло е дербито со Вардар во Скопје. Да видиме дали Петкото ќе остани непоразен после ова гостување.


12208589_1652286175044865_6905688993692695805_n.jpg
 
Незнам шо состав има Вардар сега, лани беа добри, ама го немаат сега тој центарот шо го тролаја, старка еден, каков таков му даваше кошој, имаа и тренер/играч :D овие ги немаат повеќе во тимот, двајца црни исто имаа лани, му заминаја и тие...
Остана само тој србинот Ивановиќ или како беше презимето не се сеќавам тој му е добар, уште е кај нив, се сеќавам еднаш тука во Битола кога игравме против нив, како му тргна шутот на овај, од месечина да фрлеше ќе влезеше тројка, не уби тогаш од тројки...
Мислам дека Вардар е послаб од лани, а ние појаки, така да одиме на изненадување !! :D

@Colt Willcox нешто повеќе околу вардарци :)
 
Ќе ве победиме сигурно :D
Ивановиќ е Македонец, не е Србин :D
Тука е Ѓорѓи Кочов и новото засилување Радуловиќ, кој има долга прволигашка кариера. Го земавме Калов од Гоце Делчев за центарската позиција, а тука се и неколку младинци кои со години беа најдобри во лигата. За малку ни избега победа во Охрид вчера, со вас ќе биде тешко, ама би требало да ве добиеме.
 
Утре во 18ч во спортска сала Кале во Скопје дербито КК Вардар - КК Пелистер .:duel:
Еден од поинтересните дуели ова коло во втората лига. :D


12347761_965432203528809_3003395403832559304_n.png
 
Штета што не можам да ја гледам, ни се поклопува со ракометот :icon_mrgr:
Комбат ќе навиваат како и на останатите дуели од домашното првенство, а по поразот во Охрид, би требало малце повеќе да се стегнеме и да го добиеме утрешниот дуел. Сто високи играчи имаме и повторно скоковите ни се најголем проблем, ама затоа какви шутери за тројка имаме, Кари гомна да јаде :icon_mrgr:
Ќе биде интересно, типувам на победа на Вардар.
 
Ве потопивме, 86-57 :D
Ја фатив само последна четвртина, дури и со младинците дадовме повеќе поени. Кај вас само 8-цата беше расположен за игра. Не знаев дека сте ни го лапнале Димитар Илиевски :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom