Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Може да добиеш реакција само од свесен модерен граѓанин као мене.
Бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година изнесуваше 198 лица или 9 жртви на секои 100 илјади жители, додека во 2014 споредбено со преклани оваа бројка е намалена за 74. Околу 25 % од вкупниот број на жртви во сообраќајни несреќи се пешаци. Во изминатата 2014 година од 124 лица загинати во сообраќајни несреќи 35 се пешаци. Во првите шест месеци годинава на македонските патишта загинале 59 луѓе. Само последниов месец 6 од нив се пешаци.

Сега кажи дали ова не е предизвикување хистерија?
Во ред е да се наведат и изворите.
Мојот личен впечаток е поинаков, а на секого личното мислење му е најценето.И поради ова веќе се разидуваме со мислењата.Јас гледам последниов период десетина изгазени како кучиња деца, млади, пензионери и НУЛА одговорност од ‘сообраќајните експерти‘, во време кога казните одат ненормално нагоре за ваков стандард.Ти гледаш дека преклани биле 11.Збирштина.

Кој е ефектот од ова подолу?
Контраефект?
40 секунди без поминато возило и веќе првите возачи поминале на црвено.Е некогаш нема да е така.Надвозници, подвозници.Сакаме да се рамниме со здрави држави, далеку сме светлосни години.Ова е на место кај шо ‘пиле не пејт‘ од октомври до мај.Образложението е безбедноста на пешаците!!!(дали 50 преминувања имаме дневно)

ФОТО: Пуштени во употреба семафорите на патот Охрид-Св.Наум кај Инекс Горица. Кој е ефектот од семафорите?
on: October 27, 2015In: Охрид

Вечерва се пуштени во употреба новите семафори на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан на влезот од Инекс-Горица.
2015-10-27-19.29.36.png

После 30-40 секунди чекање конечно се запалија на зелено, без да се забележи да помине друга кола или пешак. Сеуште не е јасно зашто овие семафори се пуштени во употреба баш во моментот кога има слаба фреквенција на патот. Па ги забележавме и првите нервозни возачи кој нетрпливи поминаа на црвено.

Еве уште една статистика
ger_mkd.png
 
Последно уредено:
http://a1on.mk/wordpress/archives/544067?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook.E ova e toa sto celo vreme pisuvam,ne znam sto pravat velosipedisti vo pesacki premin,mene mi se slucilo najmalce sekoj den po eden mi pominuva vo pesacki so velo i toa vozejki ,ednostavno ne zastanuva i so brzina demek da pomine pobrzo a i zavrsuvaat pobrzo pred automobili,autobusi gradski ili kamion .plus toa pesackite ne se gledat dobro od pricina sto gi lakirat mnogu kvalitetno,sto da pravis ,selaci koi ziveat vo grad.
 
@mister login кога таксисти нема да ја сметаат улицата за своја, може и да е виновен велосипедистот. Вчера на едно старо му изгаси колата на семафор и излегува со туркање да ја тргне на страна. Пази на црвено стојат. Го гледаат сите што прави. Тргнува кон тротоар и дибек што е одма до него, прва секунда од зелено, тргнува право на него. Ај тоа, позади него таксист веќе влегува во десно и притиска гас како на драг да е. Па пичка ви матер. Ем го гледате дека има проблем и сака да се тргне (црвено е), ем не го заобиколувате од лева страна, туку директно на него одите!!! Само ќотек од сообраќајна, на самото место. Да не дотрчавме од страна да помогнеме, остана со колата заглавен на сред раскрсница.
 
Jas ne velam deka vozacite se cvet za mirisanje,vo skopje se e naopaku,vo vlezot od saraj,pa se do prviot kruzen tek patot raboti samo na edna lenta bidejki kretenite nevospitani vozaci sekogas parkirat na desnata strana kako da se vo nivniot dvor a toa e mnogu opasno a i zabraneto,jas se cudam i vikam hvala Boze sto nema poveke zrtvi,tolku od saobrakajna kultura a poveke od neznaenje so kupeni vozacki dozvoli.Tuka i eden golem minus ima policijata sto e tolku pasivna vo svojata rabota,poveke mozes da vidis policajci vo sportskite kladilnici odosto na rabota,ednostavno Skopje e kup doseleni idioti, selaci sto imitirat kulturni gragani.
 
@mister login е кога ги спомна полицајците, пази ова. На раскрсница на 4ти јули и Црногорска (кој е од Ѓорче знае каде е ова) имаш сообраќаец (жена) со ШТИКЛА! Си го видел тоа? Пред 2мин поминав и немаш појма како изгледа. Запира возила од контра страна, коса до половина, ама штикла мора да има. Ме интересира колку брзо може да трча и од кога тоа влегува во службена гардероба? :D
 
Вчера возев по партизанска и јане сандански - булевари со широки тротоари (во два реда). Наидов на двајца велосипедисти кои возат во последната лента. Зошто!? Сакаат да ги има на телевизија?
 
И тие си зедоа за големо право. Се карав со еден на групана Ѕид на сообраќајниот срам, кај Влајко после мост ОН, си вози по крајна лента а дупли тротоар има. И зашто возел, затоа што имало диви костени, ќе му се дупнела гумата. Лепење на една мочана гума од 150 денари му е поважна од можност за потенцијален хаос и несреќа со последици. А и да не збориме дека дивиов костен паѓа 12 месеца во годината...
Да не ме сфатите погрешно и јас возам точак, знам дека често не се слободни тротоарите ама не значи тоа дека треба да се симнеш на асфалт доле и кога се слободни само затоа што имало 2-3 костена на бекатонот.
 
Јас разбирам луѓе што истеруваат правдини ама пешаците и велосипедистите се во опасност а не возачите на коли. Ако некој паркирал неправилно пријави во пајак служба во меѓувреме внимавај пошто се работи за твојот живот. А да не почнувам за возачи на моторчиња и возење по пешачки патеки...а бе катастрофа.
 
Ѓорче главната улица од кружниот тек накај Сарај нема шанси да возиш во десна лента затоа што господата си паркираат прво да земат бурек кај Цујо, после на пешачкиот пред семафорите кај што има слаткарница и на крај пред слаткарницата кај стара петка. Како ги пушта полиција ми е непознаница. Иста финта обратен правец на првиот пешачки во Хром после кружниот тек, секогаш паркирани коли од која едната обавезно врз пешачкиот, луда и ненормална (не)култура.
 
На излезот од Гостивар во правец кон Кичево, кај с. Здуње, мостот на Вардар.
Возачот уште бил внатре во кабината, камионот не е сигурен.Еден загинат во БМВ-то.
12190929_10153730731286692_6187016676810096450_n.jpg

Шлепер и кај струшко Мислешево излетан.За среќа без човечки жртви.
k_1.jpg
 
А1 он: Син на висок функционер им се заканувал на жители на Ѓорче
А1он
Тие излегле да видат што се случува и да им помогнат на повредените. Еден од нив, медицинско лице, откако пружил помош, изреагирал дека ова се случува бидејќи се тргнати лежечките полицајци, за да може високиот функционер брзо да минува со службените возила.

Синот на функционерот, кој се затекнал тука и сам кажал кој му е татко, на граѓанинот му рекол: „Имаш среќа што не знам од чија страна се сега полицајциве, инаку парче ќе те направевме од ќотек. Ќе видите што ќе ви се случи“.
По ова почнал да се распрашува за идентитетот на граѓанинот. Денеска од полициската станица во Ѓорче Петров, добил покана да се јави на разговор во недела, во 20 часот и 30 минути во полициската станица, поради поплака.

Сопругата на жителот на Ѓорче Петров, која, заедно со неколкумина, била сведок, го пријавила настанот и заканите во полиција.

И таму, вели таа за а1он и кажале за кое лице се работи.

Синот на функционерот, и рекле пријавил во полициска станица затоа што, граѓанинот, се заканувал дека ќе го ликвидира неговиот татко- функционер.

А1 го има идентитетот на сите инволвирани во случајот.

Знае ли некој за кој функционер станува збор?
Ете за овој што го згази девојчето од Паланка више и врапчињата на дрво дознаа кој е.
 
Истиот е. Јас живеам на таа улица, имаше сообраќајка вчера, точно е, ама не видов што е тучата, во глобала не ме интересира кога има хаоси по улицава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom