Терористички напади во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Единствениот аргумент кој ти го спомна против министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, е неговата изјава во која тој вели дека анти-владините протести во Македонија во 2015 година биле со цел спречување на изградбата на гасоводот Турски поток.

Ваквиот аргумент ти е само делумно издржан, бидејќи истата опозиција која Лавров ја етикетира како анти-Турски поток, отворено и јавно се залага за ревизија на проектот и евентуално повлекување на Македонија од истиот проект, со што изјавата на Лавров до некаде е веродостојна.

Бидејќи сакаш да критикуваш, еве, по трет пат те охрабрувам да дадеш коментар на изјавата на Лавров во која тој вели дека САД применуваат двојни аршини во врска со граѓанската војна во Сирија.

Или коментираше само за да го исплукаш Лавров, бидејќи во пракса не знаеш да критикуваш ?
Не е аргументот делумно издржан за жал, и не се толкува изјавата по делови, туку се толкува целата. А истата е директна и обвинува две држави кои отпосле се произнесуваа да демантираат. Аргументот е на место и точен, и ти го знаеш ова но правиш отстапки заради тоа што мислиш дека Русија и Путин се некакви спасители на светот и избавувачи од зло, а критика кон нив е ерес и слично.

Таман работа да коментирам за некои други изјави, тотално губење на време е, неговиот коментар не е даден од аспект на професионалец во таа област туку е од стратешки и манипулативен карактер, исто како што беше коментарот со случувањата кај нас.
 
Или со други зборови кажано, не знаеш да критикуваш, туку само да плукаш по одреден ентитет.

Во ред, ти благодарам за необјективното и субјективното учество во дискусијата.

Пиши за 10 години од сега кога можеби ќе созрееш и ќе научиш што е тоа критика и ќе знаеш да критикуваш.
 
Па што дека,целта на Америте им е Асад да го нема.Тие цел Арапски свет го променија и ги исчистија сите земји од диктаторите на кој им изминал рокот сега заглавија кај Асад.За сето ова изгубено време и толку жртви,некој дебело ќе одговара.Америка има двајца непријатели,Асад и ИСИС,и затоа мора да тактизира,но не треба да дозволи работата да излезе од контрола.
Пффф... погрешно на многу основи. Асад сега ако рече - „Добро бе добро, се предомислив - ајде изградете го тој гасовод од Катар кон Европа“!
Следна работа што ќе гледаш е како МекКејн дава изјава дека е добро што ќе дојде до крај на убивањата и дека Асад решил да се промени, и дека секој заслужува втора шанса. Следна работа за Асад ќе биде состанок со Обамер, и заедничко ракување и позирање (ако до тогаш не го скинат руски и/или ирански командоси или платени убијци). ;)

П.С. ИСИС непријател на САД? Хаха - добра шега. :sneaky:
 
Не дека запалена Европа ќе донесе нешто убаво на Балканот, ама, состојбава во која живеат е неодржлива. Стигнаа во ситуација групи фанатици да им менуваат рутина и да сеат страв до ниво да морат да одложуваат јавни собири. Тажно.

За нас се е подобро од ова тивко тонење што ни се случува.
 
Или со други зборови кажано, не знаеш да критикуваш, туку само да плукаш по одреден ентитет.

Во ред, ти благодарам за необјективното и субјективното учество во дискусијата.

Пиши за 10 години од сега кога можеби ќе созрееш и ќе научиш што е тоа критика и ќе знаеш да критикуваш.
извини што ти ја навредив мадр раша, ај сеа пушти си некој јутуб конспираси клип да си вратиш самодоверба
 
imageedit_2487_7789530720-jpg.133099
 
(Видео снимки)ЕВАКУАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА ПОРАДИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Пронајдено возило на Итна Помош полно со експлозив!
ноември 17, 2015 / By iNFOMAX
hanover_teroristi_bombi-30b24c0vd3prvb5ydtughs.jpg

Натпреварот бил откажан од безбедносни причини, рече полицијата за Франс прес.

Во тек е евакуација на стадионот. Од гледачите, кои веќе биле седнати на своите места, преку звучници било побарано да го напуштат стадионот. „Тргнете се од стадионот“, викала полицијата. „Не стојте во место.“

Безбедносните служби од странски извори добиле информација за потенцијален терористички напад, а полицијата нашла амбулантна кола „полна со експлизиви“ пред стадионот во Хановер.

Постои „апсолутно реална закана“ за целиот Хановер, рекол полицискиот шеф Волкер Клув.

На натпреварот, кој требаше да почне во 8.45 по локално време, требало да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и други членови на нејзиниот кабинет.

Има информации дека Меркел веќе била дојдена на стадионот кога натпреварот бил откажан.

Полицијата во Хановер ја евакуира и ТУИ-арената, каде што требало да почне музички настан.

http://infomax.mk/wp/?p=41799
 
извини што ти ја навредив мадр раша, ај сеа пушти си некој јутуб конспираси клип да си вратиш самодоверба

Нема зошто да се навредуваш, бидејќи не само што - засега - не си навредил ништо мое, туку и - засега - воопшто немаш навредено никој и ништо, само демонстрираш дека твојата самодоверба ја темелиш врз неаргументирано плукање по ентитети и индивидуи кои не се по твој личен мерак.

Со таквиот однос не навредуваш ништо мое, туку само демонстрираш дека не си способен за водење на објективна дискусија, а луѓето кои не се способни за водење на објективна дискусија за мене лично не знаат ни да навредуваат - барем не онака како што навистина се навредува некој(а)/нешто.
 
Последно уредено:
(Видео снимки)ЕВАКУАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА ПОРАДИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Пронајдено возило на Итна Помош полно со експлозив!
ноември 17, 2015 / By iNFOMAX
hanover_teroristi_bombi-30b24c0vd3prvb5ydtughs.jpg

Натпреварот бил откажан од безбедносни причини, рече полицијата за Франс прес.

Во тек е евакуација на стадионот. Од гледачите, кои веќе биле седнати на своите места, преку звучници било побарано да го напуштат стадионот. „Тргнете се од стадионот“, викала полицијата. „Не стојте во место.“

Безбедносните служби од странски извори добиле информација за потенцијален терористички напад, а полицијата нашла амбулантна кола „полна со експлизиви“ пред стадионот во Хановер.

Постои „апсолутно реална закана“ за целиот Хановер, рекол полицискиот шеф Волкер Клув.

На натпреварот, кој требаше да почне во 8.45 по локално време, требало да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и други членови на нејзиниот кабинет.

Има информации дека Меркел веќе била дојдена на стадионот кога натпреварот бил откажан.

Полицијата во Хановер ја евакуира и ТУИ-арената, каде што требало да почне музички настан.

http://infomax.mk/wp/?p=41799

Можеби сметале - никој нема да си помисли дека повторно ќе се обидат да постават бомба на утакмица која ја игра репрезентацијата на Германија?

Со кој ја играат следната? :D
 
Изгледајте го, случајно го начекав, па чекам размислувања.
 
Изгледајте го, случајно го начекав, па чекам размислувања.
^^
.
Ова е типичен пример како функционира социјалниот инжинеринг. Кога тие моќните не сакаат да се зборува за нешто, окулу тоа прават „завеса на теории од заговор“. Поточно тие самите финансираат куп лажни вести или теории кои лесно се гледа дека се лажни, како например сликава од горе. Или еден куп глупости кои се вртеа за 9/11, и какви тек ќе излегуваат сега за Петок 13ти во Париз.
Практично се форсира и промовира култ на „терории на заговор“, во кој обично се залетуваат наивни (често и глупи) луѓе кои потоа активно ги промовираат, со што кај мнозинството од луѓето предизвикуваат спротивен ефект. Ваквите се корисни идиоти, кои иако со најдобра намера, одработуваат за непријателот. Типичен пример е Слаѓана Велков, ете неодамна некаде видов некој скриншот од нејзин фејсбук статус, каде истава тврди дека нападите од Петок 13ти се фејк. Тоа се разбира е ретардирано тврдење, зошто во денешно време е неспоредливо поевтино да убиеш пар стотини луѓе - отколку да го лажираш тоа.
Но со приказни како таа на Слаѓана Велков, или ова погоре цитираново, таквите корисни идиоти само придонесуваат за мнозинството да биде научено да размислува: „ах пак теории на заговор“ дури и кога станува збор за нешто логично и вистиното, но за кое намерно е направена фама (и ретардирани теории на заговор).
 
Не си навредил ништо мое, само демонстрираш дека твојата самодоверба ја темелиш врз неаргументирано плукање по ентитети и индивидуи кои не се по твој личен мерак.

Со таквиот однос не навредуваш ништо мое, туку само демонстрираш дека не си способен за водење на објективна дискусија, а луѓето кои не се способни за водење на објективна дискусија за мене лично не знаат ни да навредуваат.
За тебе не постои валиден аргумент доколку не се поклопува со твојот светоглед, се надвор од него е невалидно,неаргументирано, површно итн.

Ти напишав погоре зошто го сметам дипломатот за нерелевантен, неговите коментари и заклучоци излегоа скроз неточни, и се виде дека имаат цел да ствараат тензии и да манипулираат со јавноста, затоа и не планирам да навлегувам длабоко во негови нови коментари и заклучоци.
Пример, денес ако некој излезе со претходните сценарија(гасовод/странски служби) како објаснување за случувањата кај нас, ќе му се смее цела јавност.
 
Значи сега и јас се придружив на друштвото индивидуи кои не се по твој личен мерак.

Па добро, така нека биде, јас не сум одговорен за твојата незрелост и неспособност за објективна дискусија, па од тука и не ми следува никаква обврска да ги земам во предвид твоите коментари како сериозни и релевантни.

Можеби сметале - никој нема да си помисли дека повторно ќе се обидат да постават бомба на утакмица која ја игра репрезентацијата на Германија?

Со кој ја играат следната? :D

Мене ме интересира колку од приведените и осомничените терористи се фотографирале со Ангела Меркел или со нејзина фотографија во раце. :D
 
Скандал: Турските навивачи го исвиркаа едноминутното молчење за жртвите во Париз!

ОБЈАВИЛ К.С. НА 17/11/2015 ·СПОРТ
На пријателскиот меч меѓу Турција и Грција гледачите беа сведоци на скандалозна реакција на турските фанови. Имено, при едноминутното молчење со кое пред секој натпревар им се оддава почит на жртвите од терористичките напади, турските навивачи почнаа да свиркаат, а потоа и да скандираат Allahu akbar. Дали ќе има реакција од УЕФА за ова, набрзо ќе дознаеме!

http://taratur.com/skandal-turskite...-ednominutnoto-molchene-za-zhrtvite-vo-pariz/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom